Од неколкуте стотици милиони евра кои оваа година Европската Унија ќе ги вложи во заштитата на животната средина во Србија, дури 56 милиони евра ќе бидат одвоени за изградба на погон за пречистување на отпадните води во Ниш. Се работи за втор проект во Србија од областа на животната средина кој во целост ќе биде финансиран од Европската Унија. Средствата се доволни за целосна изградба на овој објект и дополнително за санација на системот за канализација во градот.