Насловна / Вести / 55. Salone Internazionale del Mobile: Милано останува главен град на дизајнот

55. Salone Internazionale del Mobile: Милано останува главен град на дизајнот

И оваа како и секоја година, Саемот за мебел во Милано потполно беше рaспродаден. На 207.000 m2 нето изложбен простор и 2.310 изложувачи (30% од нив странски фирми) од 165 земји, 55. издание на саемот се одржа од 12 до 17 април на миланскиот Fairgrounds, Rho, и според организаторите, саемот го посетиле речиси пола милион гости од целиот свет.Salone-del-Mobile-2016-Milano-1-1280x677

Милано повторно ги понуди најновите дизајнерски трендови, производи и решенија во светот на ентериерот, потврдувајќи ја својата улога како главен град на дизајнот.

Salone Satellite собра 650 дизајнери, потврдувајќи ја својата позиција како водечки форум за идеи, креативност и технологија за фирмите. Претседателот Roberto Snaidero изјави: „Педесет и петтото издание е голем меѓународен настан со широк распон на врвни бизнис понуди од најдобрите италијански фирми и странскиот пазар, во комбинација со пропратни настани. Интернационализација и иновација се клучни двигатели на ова значајно издание. Конкретно, фирмите што учествуваа на саемот потврдија дека 63% од приходот се должи на извоз, додека 67% од нив направиле значајни вложувања во иновации на машини, опрема и софтвер, истражување и развој, како и во дизајн на нови производи на фирмата“.Borbonese

Borbonese

„Salone Internazionale del Mobile“ и „International Furnishing Accessories Exhibition“ со повеќе од 1.300 изложувачи на повеќе од 150.000 m2 беше поделен во две категории – „Classic Furnishing Accessories” и „Design Furnishing Accessories“. Започна и нова категорија, xLux во Павилјон 3. Многу од производителите ја прифатија таа нова типологија која претставува синтеза на двете категории. Тоа се линеарни производи украсени со детали.

Roberto Cavalli Home Collection

Roberto Cavalli Home Collection

Тука се познатите модни имиња како Borbonese, Fendi, Ferre, Paul Mathieu, Roberto Cavalli, Laura Biagiotti, Ungaro и Versace, како и престижните светски брендови како што се Aston Martin, Ritz, Bentley, Tonino Lamborghini.Laura Biagiotti Home

Laura Biagiotti Home

Fendi Casa - contemporary

Fendi Casa Contemporary

EuroCucina, изложба која се одржува секоја втора година, беше со 120 изложувачи на повеќе од 23.000 m2 и ги претстави иновативните висококвалитетни кујнски производи, нагласувајќи ја побарувачката за функционалност. Неʼрѓосувачкиот челик и природниот камен посебно се нагласени.EuroCucina - RASTELLI

EuroCucina – Rastelli

EuroCucina - NOBILIA

EuroCucina – Nobilia

EuroCucina - ALNO

EuroCucina – Alno

EuroCucina - LUBE

EuroCucina – Lube

Технолошките иновации, енергетската ефикасност, едноставното користење и естетиката ги карактеризираат производите на изложбата во „ФТК“ (Технологија за кујни). Учествуваа 40 изложувачи на повеќе од 12.000 m2.FTK - NEFF

„ФТК“ – NEF

FTK - ELETTROLUX

„ФТК“ – ELETTROLUXFTK - BOSCH

„ФТК“ – BOSCH

Меѓународната изложба на бањи, со 200 изложувачи на повеќе од 19.000 м2, ги претстави потполно иновативните решенија за приспособување на домовите со wellness оази.Изложба на бањи -  CHRISTINA

Изложба на бањи – CHRISTINA

Изложба на бањи - SCAVOLINI

Изложба на бањи – SCAVOLINI

19. издание на SaloneSatellite се одржа на тема „Нови материјали, нов дизајн“, што беше чекор понапред во олеснување на врската помеѓу понудата и побарувачката, помеѓу предприемачите и дизајнерите, помеѓу креативноста и производството. На ова издание дизајнерите го претставија еден од двата проекти врзани за EuroCucina и меѓународната изложба на бањи.XXI-Triennale - La Vie En Rose од Lazzarini&Pickering

XXI-Triennale – La Vie En Rose од Lazzarini Pickering

Мешањето на работата и културата е мисија на Саемот за мебел, Милано. Оваа година, во рамките на XXI Triennale International Exhibition, отворена е изложбата „Rooms. Novel Living Concepts” во Palazzo dell’arte во Милано, која ќе трае до 12 септември. Изложбата е насочена кон поврзаноста на интериерот и визијата за живот на иднината.Изложба Before Design -Classic

Од изложбата „Before Design: Classic“

Овогодишното издание на саемот, исто така оддаде посебна почит на она што порано беше „актуелен“ дизајн. Изложбата „Before Design: Classic“ е одраз на класичната душа на современиот живот. Краткиот филм на познатиот режисер Матео Гороне раскажува за класичниот „Made in Italy“ вкус.before design classic_1 sedie

Од изложбата „Before Design: Classic“

Градски настан директно порзан со Саемот за мебел, беше изложбата „Простор & интериери“ во организација на Made Expo. Во трговскиот центар Porta Nuova – Brera Dizajn Distrikt, презентирани се површини, подови, врати и материјали за интериери.

Саемот за мебел ќе продолжи со доделување на наградите Salone Mobile.Milano Award. Престижното жири ќе додели награди за одредени категории, вклучувајќи: најдобар дизајнер, најдобар млад дизајнер, најдобар кујнски производ, најдобар производ во сферата на мебел, најдобар производ за бањи, најдобар приказ и класичен мебел. Свеченото доделување на наградите се одржа на 4 мај годинава.Изложба за ентериерски додатоци - BITOSSI

Од изложбата за ентериерски додатоци – BITOSSI
Изложба за ентериерски додатоци - DIAMANTINI E DOMENICONI
Од изложбата за ентериерски додатоци – DIAMANTINI E DOMENICONI

Конечно, тука е и новата комуникациска кампања која оддава почит на културното и уметничко минато. Тоа е културно-уметнички досег кој се потпира на минатото, но се движи силно како потврда на идентитет, со вербална афирмација: Ако не сте таму, би требало да сте. Новата веб платформа (www.salonemilano.it) овозможува придружба на патот во обидот да се одржи постојан однос и дијалог – пред, за време и после самиот настан.

nim-copper-jesmonite-table-pinch-milan-design-week-2016-furniture_dezeen_936_25

The Cooper Nim Table од материјалот Jesmonite од британското студио Pinch

Иновативен материјал „Jesmonite“

Сè попопуларен во индустријата на дизајнот станува материјалот наречен „Jesmonite“, кој настанал со мешање на гипс и акрилна смола. Овој материјал првпат го употребиле уметницата Hilda Hellström креирајќи инсталација за лондонскиот хотел „Ace“, и дизајнерката  Ariane Prin за уникатната колекција на садови и вазни, мешајќи „Jesmonite“ и честички метал.

Salone del Mobile - Barcelona Design

Комода „Aquario“ – „BD Barcelona Design“

Мебел со обоено стакло

Како продолжение на минатогодишниот тренд на мебел од транспарентно стакло, дизајнерите, меѓу кои е и Patricija Urkiola, преминуваат на употреба на обоено стакло. Комодата „Aquario“ со стакло во боја, која за шпанскиот бренд „BD Barcelona Design“ ја дизајнираше бразилското дуо „Campana Brothers“, е само еден од многуте производи со обоено стакло кои можеа да се видат во текот на Миланската недела на дизајн.

Grid од Thomas Schnur Product Design

Grid од Thomas Schnur Product Design

Мебел кој штеди простор

Со поскапување на становите во светот, сè попопуларни стануваат помалите и пофлексибилни станбени простори опремени со мултифункционален мебел, кој на најдобар начин го користи секој сантиметар од просторот. На изложбата „Another Perspektive 4“, која се одржува во рамки на саемот, осум групи на дизајнери ги прикажаа производите што штедат простор.

Коњче за лулање од дизајнерското студио NENDO

Коњче за лулање од дизајнерското студио NENDO

Дизајн за деца

Студиото „Front“ ја претстави играчката на лулање „Furia“, која ја дизајнирале за компанијата „Gebrüder Thonet Vienna“, а својот дизајн за коњче на лулање од транспарентна пластика го претстави и студиото „Nendo”.mew-table-by-zaha-hadid-for-sawaya-moroni-06

Маса Mew од Заха Хадид за производителот на мебел Sawaya & Moroni

Последното парче мебел дизајниранo од Заха Хадид

Италијанскиот производител на мебел Sawaya & Moroni, на саемот во Милано ја претстави масата Mew што ја дизајнираше неодамна починатата Заха Хадид. Масата Mew е последното парче мебел дизајнирано од неа. Иако се чини дека е составена од два дела, оваа маса од полиуретанска пластика, всушност е направена од едно парче. Масата е дизајнирана да изгледа како горната површина да се влева во ногарките, а може да се користи како биро или трпезариски стол, и може да се најде во три бои: црвена, бела и црна.

RODA

RODA

Salone del Mobile - Swedish Design

Шведски дизајн

Salone del Mobile - Rimadesio

RIMADESIO

Salone del Mobile - Alchymia

ALCHYMIA

Salone del Mobile - Serralunga

SERRALUNGA

Испрати коментар

Scroll To Top