Насловна / Вести / 54 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

54 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Album 1_Page_03

На денешен ден пред 54 години, во раните утрински часови, точно во 5.17 часот, Скопје доживеа катастрофа. Силен татнеж, тресење и нишање ги разбудија сонливите скопјани. Пискотници, прашина, урнатини. Целото население излезе на улици. Подземјето татнеше силно уште два пати, чиниш ќе се отвори земјата под тебе. Се урива и она што не беше паднато при првиот подземен удар. А потоа, почна потрагата по исчезнатите, повредените… Почна и пребројувањето, 1.070 загинати, 3.330 повредени. Страотниот земјотрес речиси го срамни градот. 80,7 проценти од вкупната изградена површина во Скопје беше разурната или тешко оштетена, вклучително со 75,1 отсто од изградената станбена површина во градот. 75 проценти од населението на Скопје, од околу 200.000 жители, остана без своите домови. Помошта дојде веднаш. Скопје стана град на меѓународната солидарност. Поставена беше и целта. Градот-феникс пак да се издигне од пепелта. Според некои експерти, најголемото достигнување во рамките на обновата на Скопје било „создавањето на еден од само неколкуте градови во светот, коишто се изградени како директен одговор на критериумите за земјотресен ризик“. Скопскиот земјотрес направи пресвртница во филозофијата на градење кај нас, и беше поттик за посигурна и побезбедна градба. Но, за жал не и градба која според архитектурата ќе го внесеше во „само неколкте градоци во светот“.

Album 1_Page_24 Album 1_Page_25 Album 1_Page_26 Album 1_Page_32 Album 2_Page_1 Album 2_Page_2  Album 1_Page_36 Album 1_Page_30 Album 1_Page_29 Album 1_Page_28 Album 1_Page_27 Album 1_Page_18 Album 1_Page_20 Album 1_Page_21 Album 1_Page_23 Album 1_Page_16 Album 1_Page_17

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top