Денес во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија во 18.30 часот ќе биде отворена изложба на Жанета Гелевска Велјаноска.
Преку палетата на своите платна Гелевска Велјаноска не води низ извонредна композициска решеност на површината, воедно остварувајќи една комплексна изведба, споена со познавањето, пред се, на создавањето на светот како предизвик на самото битие. Делата се весели и полни со оптимизам, потхранети со страст за животот и интерес за едноставноста на секојдневниот живот, со мотиви што изразуваат животна радост, неагресивност и стремеж кон еуфорична емотивност.
Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, а ќе ја отвори Васко Шутаров, диретор на КИЦ на РМ во Софија.