Насловна / Вести / 500 локации за проектот „Купи куќа за млади“ во Битола

500 локации за проектот „Купи куќа за млади“ во Битола

Oпштина Битола определи 500 локации за реализација на проектот „Купи куќа за млади“ чиј иницијатор е Министерството за финансии. Маркиците за изградба на куќи се наоѓаат во населбата „Златен рид“, а општинската администрација ќе биде во функција на заинтересираните апликанти за овој проект.bitola kuka za mladi

„Општина Битола изработи три детални урбанистички планови во старата касарна или населбата „Златен рид“, каде се предвидени маркици, односно локации за изградба на куќи. Во касарната инвестиравме во инфраструктурата, а со Министерството за транспорт и врски се договоривме делот од парцелите што ќе бидат од минимум 300 до 400 квадратни метри да се зголеми со можност за прширување и маркиците да ја достигнат бројката 500“, информираше градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, на вчерашната презентација во Битола, во рамките на караванот за промоција на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top