Министерот за животна средина и просторно планирање ја додели четвртата дозвола за колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема на компанијата “Екон електрон”. Според надлежните во Министерството, основна цел е да се намали негативното влијание од овој вид отпад врз животната средина, а со тоа и врз здравјето на луѓето.Со колективно постапување со отпад од електрична и електронска опрема ќе се унапредат стандардите за заштита на животната средина од производителите, трговците и од крајните корисници, особено при негов третман, преработка и отстранување.
Досега вакви дозволи добиле “Нула отпад” од Скопје, “Ел Колект ДОО увоз-извоз” и “Електро екосистем”. Компанијата “Екон електрон ДОО” е основана од компаниите “Горење”, “Сетек”, “Агротехна” и “Римеко”.