Насловна / Архитектура / 50 нешта за Ле Корбизје кои можеби не сме ги знаеле

50 нешта за Ле Корбизје кои можеби не сме ги знаеле

Le Corbusier-

Го знаеме по неговите округли очила, афинитетот за бетон, љубовта кон модернизмот… Највлијателниот архитект на 20 век, бил и уметник и теоретичар кој ја преферирал девизата „архитектурата е револуција“. Учел од August Perret  и Peter Behrens,  а неговото архитектонско наследство е извонредно. Во 2015 година во чест на 50-годишнината од неговата смрт, објавени се 50 помалку познати факти за неговиот 78-годишен живот исполнет со историски архитектонски потфати но и авантури.

1. Ле Корбизје „ обсесивно го чувал секое свое писмо, цртеж или фотографија за спомен“

pismo

 

2. Пред да се посвети на архитектурата бил во бизнисот со гравирани часовници.moderna fabrika-u-le-Corbusier-i-5-poits-of-arhitektura-7-638

3. Во 1946 патувал во Принстон, Њу Џерси, каде се сретнал со Алберт Ајнштајн.

1315423081-le-Corbusier-albert-Einstein-810x1000

4. Ле Корбизје и неговата архитектура се претставени на банкнотата од 10 швајцарски франци.

0004539_switzerland_le_corbusier_10_francs_unc 0004540_switzerland_le_corbusier_10_francs_unc

5. Постојат улици именувани по него во Аргентина и Канада

 

.Ulici tako negovo IME

6. Во 1936 тој патувал во Бразил со Цепелин. Летот траел 5 дена.

People_watching_the_landing_of_Zeppelin_LZ_127._Uploaded_by_Grombo_commonswiki._CC_BY-SA_3.0

7. Ле Корбизје поддржувал директна врска меѓу архитектурата, урбанизмот и државата, во верување дека ќе следуваат социјални реформи.

griza ZA arhitektura, sociologija ... le-Corbusier-boja-velika

8. Во 1936 година проектирал стадион кој никогаш не се изградил, со капацитет од 100.000 гледачи. Стадионот требало да се лоцира во Париз.

Stadion neizgraden vo Pariz - proekt

9. Во 1987 година во една реклама за Кодак, Бил Козби седи на фотелја дизајнирана токму од Ле Корбизје.

Fotelja

10. Додека патувал во зимата 1907 се сретнал со уметниците  Gustav Klimt и Josef Hoffman

Gustav Klimt sre3dbi

11. Конкурирал со свој проект за никогаш неизградената Палата на Советите во Москва

Palata na sovetite Moskva - proekt

12. Неговиот погреб се одржал во 1965 во дворот на Лувр

Louvre i piramida Pariz Francuska

13. Во 1925 Павилјонот на Ле Корбизје (Esprit Nouveau) добива една опскурна локација на “Exposition International des Arts Decoratifs et Industrielles Modernes“ изложбата заради „непријателството кон него“.

Izložba vo Pariz 1925

14. Велел дека за неговата позната фотелја (chaise longue à reglage continou) која ја дизајнирал заедно со Pierre Jeanneret и Charlotte Perriand, во 1928, нашол инспирација во каубоите и начинот на кој тие се одмараат со нозете на маса.

Fotelja inspirirana OD kauboi

15. Неговиот план за радијален град (Ville Radieuse), се базирал на планот на Мадрид и за прв пат бил предложен во 1930 за Москва.

Planirajte ZA radijalen grad

16.  Во 1935, тој одржал предавање насловено “The Great Waste” (големиот отпад) во Чикаго и Балтимор. Тој верувал дека ерата на индустријализација носи прекумерно производство, отпад и декаденција.

Korbizije predavanje ZA golemiot otpad

17. Автор е на следните зборови изгравирани на патека во Battery Park City: „Сто пати сум помислил – Њујорк е катастрофа, а педесет пати – Њујорк е прекрасна катастрофа“.

Njujork park

18. Во текот на својата посета во различни држави на САД остварил скромен број средби со официјалните претставници од браншата.

Patuvanja niz SAD Sredbi tako bransata

19. Самиот тој за својата кариера рекол дека е преполна со грешки.

Kariera tako greski

20. Во 1938 година имал несреќа со чамец од која се здобил со повреди и голема лузна.

Nesrekja tako camec - Lužná

21. Потврдил дека дизајнот за урбаниот план на Рио де Жанеиро бил скициран од авион.

Urbaniot Dizajn na Rio OD avion bil praven

22. Иако проектирал повеќе проекти кои требало да бидат изградени во САД, само еден е реализиран – Harvard University’s Carpenter Center for the Visual Arts.

Vo SAD IMA realizirano Samo eden proekt

23.  Guillame Jullian, негов колега, подоцна се потсетува: “ Тој ми рече дека веројатно Visual Arts Center ќе биде неговата единствена зграда во Америка, и поради тоа би сакал да ги стави сите свои архитектонски елементи.

Karpenter centarot ZA vizuelna umetnost edin.real.proekt vo SAD

24. Дрвена макета во реална големина од автомобилот на Ле Корбизје („Voiture Maximum”) била направена од страна на италијанскиот дизајнер Giorgio Guigiaro за изложбата во чест на 100тиот роденден на архитектот.

Le Corbusier Voiture Minimalna

25. Швајцарската банка UBS повлече рекламна кампања во која се појавува архитектот, поради одредени наводи дека бил симпатизер на нацистите, базирани на неговата лична коресподенција. Овие факти добиваат особено внимание по објавувањето на неговата биографија во 2008.

UBS BANKA

26.  The New York Times известува дека дизајнот на сетот на Аида од Дизни била инспирирана од неговата архитектура.

Walt_Disney_Presents_AIDA_by_Dakotaa

27. Во врска со проектот на Ле Корбизје за индискиот град Кандигар, Нехру рекол:„Прашањето во врска со Кандигар не е дали ви се допаѓа или не, туку дали ќе Ве натера на размислување за него.“

Kandigar palatata na parlamentot

28. До денес, најскапото дело на Ле Корбизје продадено на аукција е дрвената статуа „Femme“, изработена во 1962 и продадена во акциската куќа Кристи за 3,1 милион швајцарски франци.

Corbisije Femme 1953

29. Jørn Utzon архитектот на познатата Опера во Сиднеј, првично имал замисла во внатрешноста на објектот да постави таписерии дизајнирани од Ле Корбизје. Но, откако Uzton го напушта проектот во 1966 таписериите остануваат во неговиот дом. Дури по седум години од неговата смрт, односно во 2015 Сиднејската Опера ги откупува овие дела од неговата оставштина со намера да го украси главното фоаје.

Tapiserii ZA Sidnejska opera

30. Чилеанскиот сликар Roberto Matta, во доцните 1930ти работел за Ле Корбизје како цртач.

Roberto Matta crtež

31.  Во 1956 одбива професорско место во Ecole des Beaux-Arts.

Skola ZA ubavi umetnosti

32.  Во 1926 бил ангажиран од страна на една компанија да изгради работничка населна со 40тина куќи во близина на Бордо. Но, на властите не им се допаднале дизајнот и боите, па дури одбиле да ја приклучат населбата на водоводната мрежа. Од овие причини објектите останале невселени цели шест години.

Cité Fruges, Le Corbusier

33.  Во 1956 на барање на кралот Faisal II, во Багдад го проектирал т.н Багдадски Гимназиум, спортски комплекс за потенцијална Олимпијада во 1960 година. Објектот е изграден 13 години по смртта на архитектот.

Gimnazija vo Bagdad

34. Една од најголемите инспирации ја наоѓал во манастирот во близина на Фиренца (Carthusian Monastery)

Kartuzijanski Manastir Firenca inspiracija

35. Во 1929 на еден лет во Јужна Америка, копилот во авионот бил Антоан де Сент Егзипери, авторот на Малиот принц.

Antoan de poslao egziperi

36. Од 1918 година па се до крајот на животот бил речиси слеп на едното око.

Bil slep na edno Oko dolgo vreme

37. Фактот дека очилата на Филип Џонсон биле толку слични со оние на Ле Корбизје не е случајност. Во 1934, инспириран од потписот на Ле Корбизје, тој дизајнирал очила кои подоцна биле изработени од Картие.

Ocila Kartie

38. Ле Корбизје и неговата сопруга имале куче – црн шнауцер со име Pinceau (четка)

Snaucerot na Korbizije

39. Кога кучето умрело, неговото крзно послужило за уметнички инсталации, како на пример за обвиткување на кориците на примерок од Дон Кихот.

Kniga pa krznoto OD snaucerot

40. Самоукиот архитект во 1951 за една емисија на BBC рекол: „Морам да Ви признаам дека го напуштив училиштето на 13, бидејќи во минатото училиштата беа многу лоши, немаше воопшто забава.“

Samoukiot ARHITEKT

41. Кога прв пат го посетил Њујорк ги освои насловните страници на весниците со својата изјава дека облакодерите не се доволно високи.

 

Prva IZJAVA po posetata na Njujork

42. Канцеларијата на Ле Корбизје немала прозорци, била климатизирана и личела на ќелија. На тој наччин, верувал дека клиентите ќе бидат поискрени и пообјективни.

Kancelarija KAKO kelija

43. Во 1934 бил поканет од Бенито Мусолини да држи предавање во Рим

Sedisteto na fasistite vo Italija

44. Неговите теории за урбаното планирање и неговата утопија односно максимална слобода се оспорувани од многумина.

Utopija na Korbizije

45. Откако патувајќи со брод од Европа кон Јужна Америка ја сретнал актерката Џозефина Бејкер, тој направил голи скици на познатата артистка.

Dakle, Jozefina Bejker

46. Ле Корбизје го земал својот псевдоним (кратенка од презимето на неговата баба) откако објавува еден манифест за кубизмот, за кој констатира дека станал премногу романтичен.

Korbizije penkala

47. Иако своевремено биле пријатели со Салвадор Дали, сликарот немал пофални зборови за него по неговата смрт. Тој велел дека зградите на Ле Корбизје се „најгрдите на светот“.

Salvador Dali

48. На 27ми август 1965 Ле Корбизје отишол да плива и покрај предупредувањата на лекарите, во Јужна Франција во близина на својата куќа за одмор. Неговото тело било пронајдено од страна на капачите

Na 27 65 avgost se udavil

49. Во раните 40ти во екот на Втората Светска војна, на Ле Корбизје му е дадена позиција на главен урбанист со задача да проектира градови во тогашните франсуски протекторати во северна Африка. Но, кога неговите планови биле одбиени, тој засекогаш се повлекол од политичкиот живот.

Glaven urbanist kaj Peten - Alzir

50. Ле Корбизје има изработено и голем број скулптури во текот на својот живот. За уметноста и архитектурата сметал дека треба да бидат симбол на мир и помирување, и симбол на нашата епоха.

Korbizije posterihttp://ramonlo.com/wp-content/uploads/2014/04/lecorbusier-posters.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top