Насловна / Арт и дизајн / 50 години од филмот „Неретва“ и 12-те вина за Пикасо

50 години од филмот „Неретва“ и 12-те вина за Пикасо

По повод 50 години од премиерното прикажување на филмот „Битката на Неретва“ на режисерот Вељко Булајиќ вчера во 18 часот во фоајето на Културниот центар на Белград (КЦБ) се отвори документарна изложба „Патот до слободата мора да биде чист“ (превземена реплика на Иван – Лојзе Розман – од самиот филм), подготвена од Маја Медиќ, која ќе биде достапна за посетителите до февруари 2020 година.

3
Изложбата е отворена со песната „Паѓај сило и неправдо“ во изведба на антифашистичкиот хор „Наши песни“, а публиката имала прилика и да го погледне легендарниот филм и тоа од 35-милиметарска копија.

2
Филмот е снимен 1969. година во меѓународна копродукција со Италија и Западна Германија и се смета за најскап филм на просторот на поранешна Југославија.
ЈНА отстапила 10.000 војници и воени возила. Се проценува дека филмот чинел помеѓу седум и 12 милиони долари, а финансиски бил помогнат и од околу 60 државни фирми.
Снимањето траело 18 месеци, а играле светски ѕвезди: Сергеј Бондарчук, Јул Бринер, Ентони Досон, Орсон Велс и најголемите југословенски глумци: Велимир Бата Живојиновиќ, Милена Дравиќ, Борис Дворник, Љубиша Самарџиќ.

6
Филмот „Битката на Неретва“ е номиниран за Оскар за најдобар странски филм, а заснован е на вистинска случка од Втората светска војна – реализација на стратешки план на здружен напад на Силите на Осовината на југословенските партизани, кои се повлекувале со ранетите 1943 година.

5

7
Плакатот на англиската верзија на филмот е изработен од Пабло Пикасо. Приказната за овој плакат почнува 1964 година во Монте Карло, каде документарниот фим на Булајиќ „Скопје 63“ добива Гран при, Златна нимфа и награда од публиката. Пикасо присуствувал на свеченоста и му честитал на Булајиќ. Неколку години подоцна, режисерот на агентот на Пикасо му предложил да го замоли сликарот да направи плакат за филмот „Битката на Неретва“. Погледнувајќи го филмот кој многу му се допаднал и проучувајќи ги случувањата во филмот, големиот сликар потврдил дека ќе направи плакат, дека ќе земе дел од својата слика „Сабињанките“ и побарал само бојата на плакатот да биде црвена, а единствено барање му било да добие 12 шишиња вино од Југославија.

9
Овој плакат ги има сите карактеристики на кубизмот на Пикасо. Неговата геометриска структура носи вистинска монументална возвишеност и со низа силни ликови потсетува на агонијата и апсурдноста на војната. Јаката црвена боја симболизира херојство, страдања, крв и борба за слобода.
Плакатот е печатен во ограничен тираж и секој примерок е потпишан од Пикасо на задната страна. „Њујорк Тајмс“ во неделниот број, во 1.200 000 примероци го објавил плакатот.
Пред премиерата на филмот се развила расправа кому ќе припадне плакатот. Имало идеја да биде во Сојузното собрание, во Извршниот комитет или кабинетот на Тито. Сепак плакатот завршил кај Вељко Булајиќ, бидејќи тој и го платил. Толку колку Пикасо и барал. Режисерот му направил извонредна колеција од 12 шишиња вино од Србија, Далмација и Македонија.

8
Изложбата во Белград „Патот до слободата мора да биде чист“„Поделена е во три целини. Едната е составена од филмски кадри, односно крупни кадри од главните глумци. Втората се состои од фотографии позади камерата, додека во третата се тотали на кои може да се види продукциската моќ. На изложбата има и цел ѕид посветен на текстови од весници за да се долови впечатокот колкава бура предизвикал филмот“, вели организаторката Медиќ.

4
Филмот „Битката на Неретва“, премиерно е прикажан на 29. ноември 1969. година на отварање на сараевскиот културно – спортски центар „„Скендерија“, а покрај Јосип Броз Тито и филмската екипа, присуствувале и Софија Лорен и Омар Шариф.

1

Испрати коментар

Scroll To Top