Младинскиот културен центар во Скопје во текот на целата 2022 година планира да го слави својот голем јубилеј – 50 години од основањето. Годишната програма ќе почне со славење на Роденден на уметноста на 18 јануари и ќе заврши со Роденден на МКЦ на 28 декември.
По повод јубилејот, МКЦ отвори КОНКУРС за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ во 2022 година – со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.
Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија се:
– Графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција
– Идејно-графичко решение на лого „50 години МКЦ“
– Дефиниран избор на комбинација на бои;
– Дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка;
Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на МКЦ преку цела 2022 година.
Конкурсот е отворен до 12 јануари 2022 година.
Аплицирањето ќе се врши онлајн, преку следниот линк: https://mkc.mk/aplikacii/50godinimkc//
Повеќе за ова може да видите тука.