Со доаѓањето на убавите сончеви денови, сите посакуваат цветно и мирисно катче на своите балкони, а сега е вистинското време да се погрижите за ова. Постојат пет основни совети за пролетно разубавување на балконите:
1. Обрнете внимание од која страна дува ветерот. Пред да купувате цвеќиња, обрнете внимание на ориентацијата на балконот. Ако е на северна страна, каде цел ден е сенка, заборавете на розите на кои им е потребно многу сонце и засадете хортензии кои цветаат во текот на летото.
Ако балконот ви е свртен кон југ, одберете билки кои поднесуваат сонце – лаванда, јоргован, јасмин, бамбус. Не заборавајте да го земете предвид и ветерот, затоа што од неговата јачина зависи вашиот конечен избор.
2. Купете шарени мирисни билки и цвеќе. Тие внесуваат ведрина и го прават целиот амбиент попријатен. Овие билки се идеални за градски балкони, а се садат во април:
- Јапонски јавор
- Лаванда
- Ловор вишна
- Петунии
- Рози
- Олеандер
- Миризлив гераниум
3. Користете големи саксии. Советуваме да користите големи саксии и жардиниери за билките и цвеќињата да напредуваат правилно. Затоа е неопходна процена на коренот, а особено внимание обрнете на грмушките. Водете се по правилото дека 70 литри е најмалата зафатнина на саксиите за грмушки кои напредуваат до 50 cm висина.
4. Одберете билки кои цветаат во текот на целата година. Ако се одлучите за долготрајни билки и редовно ги одржувате, тие ќе ја задржат зелената боја. Така вашиот балкон ќе биде колоритен цела година.
5. Редовно полевајте ги билките и цвеќињата. За да напредуваат, редовно проверувајте дали земјата е сува. Сепак, немојте ниту да претерувате со полевање.
Доколку немате доволно слободно време да се посветите на уредување на вашите балкони и градини, дозволете за тоа да се погрижи професионалниот тим за хортикултурно уредување на Биро Проект.