Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / 5 март – светски ден на енергетската ефикасност

5 март – светски ден на енергетската ефикасност

lightbulb
Првиот состанок на светските експерти за енергетска ефикасност, одржан пред 16 години на тема решенија за енергетската криза, послужил како повод за одбележување на 5 март како светски ден на енергетската ефикасност. Од таа 1998 година не престанува интересот и посветеноста за темите од областа на одржлива енергетика, климатски промени, проблемите во врска со енергетската сигурност.

Една од најважните организации посветена на состојбите во енергетиката е Меѓународната агенција за енергетика (International energy Agency – IEA), која проценува дека потрошувачката на енергија ќе се зголеми за 40% во наредните две децении. Овој факт укажува на значењето на енергетската ефикасност во креирањето на сите национални енергетски политики.

Извор: energetski portal

Испрати коментар

Scroll To Top