Oд 13 до 16 октомври во Загреб ќе се одржи настанот „Ambienta“ – 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и комплементарни индустрии.
Овогодишниот саем „Амбиента“ има за цел да им овозможи на сите производители и трговци на мебел и опрема за внатрешно и надворешно уредување, како и на сите дизајнери, архитекти, бизнисмени и експерти од областа, од регионот и пошироко да ги понудат своите производи и услуги на едно место.
Покрај изложувачкиот/промотивниот дел, „Амбиента 2016“ ќе им овозможи на сите учесници и посетители да учествуваат и во стручниот – едукативниот дел на настанот, каде што реномирани експерти, научници, дизајнери, архитекти и производители ќе ги пренесат своите знаења и искуства на присутните.
Традиционалнта богата и разновидна стручна програма ќе започне со Меѓународната конференција за дрвната индустрија во организација на Стопанската комора на Хрватска и Здружението на дрвната индустрија, којашто ќе биде придружена со изложба во Музејот на современата уметност во Загреб, а ќе продолжи со низа други настани, од кои најзначајни се „Денот на архитектите“ и „Денот на дизајнерите“.