Секоја година Џакарта тоне за околу седум сантиметри, што претставува сериозен аларм за итни мерки за санација на состојбата. За целиот тој случај е важно да се напомене дека проблем не е само зголемување на нивото на морето, туку и несовесната политика на градските власти кои со децении црпат вода од подземните бунари и оставаат огромни празни резервоари под градот кои попушаат под градбите. Но, планот за спасување на градот е најблаго речено преамбициозен.
Освен тоа што ќе трае 30 години и ќе чини најмалку 40 милијарди долари, ќе бидат изградени 17 нови острови, како и пет километри долг ѕид за огромен резервоар за контролирање на нивото на водата. Зад неверојатно амбициозниот инфраструктурен потфат стојат Холанѓани. Индонезиските власти од самиот почеток побарале помош од холандските експерти, кои го осмислиле целиот систем со огромни насипи, канали и брани, слично како што е и во Холандија која го има истиот проблем.