Оваа година, Друштвото на градежните конструктори на Македонија навршува 40 години од своето постоење.
По тој повод, на 16 декември во 12 часот, во Амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје, ДГКМ ќе одржи свечено Собрание на коешто присутните ќе имаат можност да го согледаат четиридеценискиот развој на Друштвото и придонесот на неговото членство во развојот на градежното конструкторство во Република Магедонија.
Со свечено обраќање на одбележувањето на јубилејот ќе се обрати проф. д-р Мери Цветковска, претседател на ДГКМ.