„Порта 3“ секогаш се труди да афирмира вистински вредности, да пофали, но и да критикува, преку текстови на Редакцијата и на соработниците. Во рамките на своето делување „Порта 3“ неретко објавува текстови кои се примери на лоши практики во градежништвото и трагични настани со цел да опомене и предупреди колку е важно да се воспостават и почитуваат стандарди, особено во состојбата во која е затечена државава.
Трагедијата што нè погоди сите не ни остава време да ги одложуваме наталожените проблеми. А сè до надминување на проблемите, може ли со мирна душа да чекаме да почнат да се решаваат?
На линкот прочитајте го текст објавен во „Порта 3“ на 14.09.2021 година со наслов > „4 НЕ“ – незнаење, незаинтересираност, нејасност и несоодветност