Компанијата 3XN ја проектираше новата повеќенаменскa арена на местото на поранешниот стадион во Олимпискиот парк во Минхен. Компанијата од Копенхаген ја доби оваа работа во партнерство со германската компанија LATZ+PARTNER со задача да проектира арена со капацитет од 11.500 места, која ќе биде дом на германскиот шампионски хокеарски тим Munich Red Bulls и германските кошаркарски шампиони FC Bayern Munich.
Новата овална конструкција “природно и соодветно се вклопува во ветски познатиот Олимписки парк”. Зелениот покрив е комбиниран со фасада од вертикални ламели, со цел да се дозволи мешање со урбаниот контекст и целосно вклопување во релјефот на местото. Во близина на стадионот, три дополнителни терени – лизгалишта ќе служат како места за тренинг, но и за потребите на рекреативците. Церемонијата на свеченото отворање за помошните терени е планирана до крајот на зимава, додека отворањето на стадионот е закажано за летото 2021 година.