Во малото рибарско место Ísafjörður на Исланд, насликан е нов пешачки премин кој изгледа 3Д, а всушност е осмислен како многу паметна оптичка илузија. Овој иновативен дизајн не само што ги забавува пешаците кои имаат чувство дека одат по воздух, туку и го привлекува вниманието на возачите, кои сигурно ќе го успорат возењето кога ќе ја здогледаат лебдечката зебра.
Исландските власти на околината Ralf Trylla се одлучиле за сликање на патот на овој начин, откако виделе сличен проект во Њу Делхи во Индија. За реализацијата на овој проект ангажирана е фабриката Vegmalun GIH кој нивната желба ја претвори во стварност.