Истражувачите од ETH Цирих, во соработка со FenX AG, ги поместуваат границите на роботското 3D печатење. Тие користат минерална пена која ја прават од рециклиран отпад, а целта им е без цемент да добијат монолитни и лесни ѕидни системи кои имаат изолација. На овој начин се намалуваат трошоците и неопходниот материјал. Утврдиле дека минералната пена без цемент, која е порозна, може да се користи во различни густини така што според потребите, стратешки се распоредува изолацијата и цврстината. На овој начин се подобрува термоизолацијата на објектот односно неговата енергетска ефикасност.
Минералната пена може да се рециклира и повторно да се користи, а нејзиниот јаглероден отпечаток е помал отколку кај пената од пластика. Во склоп на проектот Airlements направен е прототип на ѕид висок 2 метри, составен од четири сегменти изработени со помош на технологијата на 3D печатење на минерална пена. Сегментите се порозни и имаат маса од по 25kg. Печатењето е изведено на температури од 20 до 28 степени Целзиусови и релативна влажност од 20 дo 70%. Немало потреба од енергетски интензивна обработка и тоа е голем напредок во однос на претходните истражувања. Во наредниот период истражувачуте ќе бидат фокусирани на подобрување на носивоста на елементите и производната прецизност на 3D печатењето.