Насловна / Архитектура / 3Д колаж на „Герника“ на студентите по архитектура

3Д колаж на „Герника“ на студентите по архитектура

Годинава Архитектонски факултет при УКИМ учествуваше на „Скопје креатива“ со студентите од прва година на предметот „Ликовно изразување“, со проект на апсолвентката Миа Шириќ и соработникот м-р Илчо Илиевски, дипл.инж.арх., под менторство на проф. Елизабета Аврамовска, со транскрипцијата – колаж во 3Д на делото „Герника“ од Пабло Пикасо.герника архитектонски факултет (6)

Исто така, на „Скопје креатива“ се претстави и една од  дејностите на факултетот преку предметот „Видео и мултимедијално претставување“, со проекција на 13 кратки филмови, изработени од тимови студенти од II година од повеќе генерации.герника архитектонски факултет (2)

Наставата и вежбите на овој предмет ги водат заедно проф. Елизабета Аврамовска и професионалниот академски монтажер м-р Зоран Чаневски. Се прикажаа следниве кратки филмови: „Прокастринирам“, „Индекс Бр.“, „Скопје 2014“, „Перспектива“, „Далаверите на Купидон“, „The day after everyday“, „Архитектонски маки“, „Парадоксот на времето“, „Сатира“, „The End“, „Walking Dead Architects“,„Clockwork“, „9-13“.герника архитектонски факултет (1)

Студентите што неуморно и несебично креативно се вложија во работата на транскрипцијата на „Герника“ во 3Д колаж се: Ана Зикова, Ана Јанкуловска, Мартина Велковска, Стефанија Атанасовски, Андреј Нанески, Мејада Калиси, Елмедина Дема, Дејан Николовски, Мариа Грчева, Љубица Ефтимова, Пале Јанева, Стефан Василевски, Бисера Несторовска, Никола Момировски, Александар Петровски, Андреј Ивановски, Димитар Димовски, Виктор Наџински, Една Мирковска, Христина Царовска и Теодора Богдановска.герника архитектонски факултет (4)

Аврамовска вели: Можам само да кажам дека навистина се гордеам со моите студентки и студенти.

Зошто токму „Герника“?

Според Аврамовска, Герника претставува светски симбол на страдање на цивили во братоубиствени конфликти, со неверојатно сугестивно влијание врз човековата совест.

Пикасо во тоа време живеел во Париз и кога ја слушнал страшната вест за бомбардирањето на Герника веднаш влегол во ателје и почнал да работи на сликата. Ја насликал за пет или шест недели. Сликата била изложена во Шпанскиот павилјон на Париската интернационална изложба во 1937.герника архитектонски факултет (3)

Патот на сликата е мошне интересен. После светската изложба во Париз, сликата патувала низ светот 19 години сведочејќи за ужасите на војаната и потоа се „сместила“ во Музејот на модерна уметност во Њујорк.герника архитектонски факултет (5)

Пикасо оставил аманет: не дозволувал сликата да се врати во Шпанија сè додека во земјата не завладеат опшествени слободи и демократски институции. Сликата пристигнала во Шпанија дури во 1981 година! Пикасо не доживеал да ја види сликата во Шпанија.

„Герника“ е првата слика во историјата на уметност која спаѓа во жанрот на ангажираната уметност.

Сите знаеме што се случува денес во светот, т.е. колку „Герники“ се случуваат на планетава.

Сето тоа ја прави „Герника“ подеднакво актуелна денес како и во времето кога е насликана, време на Франковиот фашистички режим во Шпанија, време на Шпанската граѓанска војна.

По барање на шпанската националистичка влада на чело со Франко, нацистичката Луфтвафе го бомбардирала малото гратче Герника во Баскија, северна Шпанија.

Градот Герника всушност бил духовен центар на слободоумните баскијци и централна стратешка точка – јадро на противниците на Франковиот режим. За да биде уништено јадрото на опозиционерите на Франко, гратчето Герника требало да биде уништено. Герника била комплетно разорена со таканаречено „тепих бомбардирање“, со огромен број на невини жртви, цивили, главно жени и деца.

Сликата „Герника“ треба да ја сфатиме како опомена, не само кај нас, туку и глобално.

Затоа Французите во 2000 година, сликата „Герника“ од Пабло Пикасо ја прогласија за слика на милинеумот, НЕ на векот туку на Милениумот! (имајќи предвид дека во овој милениум создавале и Микеланџело и Леонардо да Винчи, па сепак…).

Денес во светот се случуваат многу „Герники“, и буквално и метафорично; и затоа сликата е сè уште актуелна.

Во нашиот контекст, Герника е актуелна на метафорично/симболично ниво на повеќе рамништа и треба да ја разбереме како опомена, особено од аспект на конфронтација и поделеност меѓу жителите во нашата држава, од аспект на „масакрирање“ на моралните, етичките и човечките вредности, што се рефлектира во сите области од општествено-политичкото, социјалното и индивидуалното живеење.

 

Испрати коментар

Scroll To Top