По повод 39. годишнината од XIV Зимскиоте олимписки игри во Сараево, одржани од 8. до 19 февруари 1984 година, да се потсетиме на стадионот Кошево, каде е одржана церемонијата на отварањето. Местото каде започна целиот настан со свеченото отварање на 7. февруари 1984 година датира од далечната 1947 година. Веднаш по Втората светска војна, архитектонскиот тим Васо Тодоровиќ и Анатолиј Кирјаков проектирале „природен“ стадион кој би се вклопил во ридскиот амфитеатрски пејзаж на населбата Кошево во Сараево. Стадионот, кој е граден главно преку доброволна работа од локалните граѓани, изграден е на врвот на локација која била големо вештачко езеро кое функционирало како јавен простор за капење, напојуван од Кошевскиот поток (по кој е именуван новиот стадион ).
Кога во 1978 година е објавено дека Сараево ја доби кандидатурата за домаќин на Зимските олимписки игри, југословенските службеници за планирање одлучиле дека стадионот Кошево ќе биде значително реновиран за да се смести очекуваната публика. Проектот за реновирање на стадионот го изработиле архитектите Лидумил Аликалфиќ и Душан Ѓапа. Оригиналниот стадион не бил луксузен, така што оваа реконструкција и проширувањето во голема мера го модернизирале објектот и го зголеми неговиот капацитет.
На церемонијата присуствувале околу 50.000 луѓе. Западната трибина во тоа време имала 18.500 места за седење.
Стадионот е реновиран и по трет пат по војната во Босна. Со додавање на столчиња на секоја трибина, капацитетот на стадионот се намали на 34.500 седишта, колку што изнесува и денес.
Познат како Олимписки стадион Кошево, од 2004 година стадионо официјално е преименуван, Стадион Асим Ферхатовиќ Хасе, по фудбалската легенда на ФК Сараево. Денес главни корисници на стадионот се ФК Сараево и фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Воглавном се користи за фудбалски натпревари, но се одржуваат и мнногу концерти и останати настани.
Она по што ќе останат запаметени Олимписките игри во Сараево и стадионот Кошево е снегот што паднал ноќта пред официјалното отворање на Игрите. Учениците од Првата и Втората гимназија со раце го тргале снегот од столчињата на стадионот за отворањето да се одвива без проблеми.
Зимските олимписки игри во Сараево вкупно чинеле 141.647.000 долари, а завршени се со суфицит од 12 милиони долари, со што се првите Олимписки игри кои завршиле со вишок. На Игрите во шест спортови настапиле 1.272 натпреварувачи од 49 земји, а биле следени од околу две и пол милијарди гледачи во светот.