Насловна / Дневни Вести / Промовирано 39.издание на книгата „Нојферт архитектонско проектирање“

Промовирано 39.издание на книгата „Нојферт архитектонско проектирање“

nojfert_thumb.jpg

Скопје „Нојферт архитектонско проектирање“ е насловот на 39.издание на книгатаобјавена првпат на македонски јазик, а промовирана денеска на Архитектонскиот факултет воСкопје.

Стручниот рецезент на книгата проф. Анета Христова на денешната промоција рече дека станува збор за прирачник од Ернст Нојферт односно библија на архитектонското проектирање.

– Тоа е првиот досега најопфатен извор на информации за сите области на архитектонското проектирање. Промоцијата се совпаѓа во два јубилеја – 25-годишнината од смртта на Ернст Нојферт и 75-годишнината од издавањето на првото издание на книгата, истакна Христова.

Таа посочи дека во изданието се содржани актуелни теми во архитектурата и градежништвото, од кои најактуелни се јакнењето на свеста за животната средина, за енергетската ефикасност, заштита на енергетските ресурси итн.

Основачот на издавачката куќа Арс Ламина, Дарко Фидановски истакна дека досега изданието е појавено на 18 јазици и го има во над милион копии тираж насекаде низ светот.

– Бидејќи книгата беше дел од проект 500 книги на Владата преку Министерството за транспрот и врски, таа се изработи и е поделена по библиотеките и на други места каде што ќе биде дистрибуирана. Решивме да направиме наше сопствено издание кое ќе биде во продажба засега во книжарницата „Три“ во ГТЦ. Цената на изданието е 3.900 денари, што е 20 до 30 отсто пониска цена од соседните земји. Ќе бидат доделени ваучери за сите студенти да го добијат по цена од 50 отсто попуст, додаде Фидановски. (МИА)

nojfert.jpg

 

Испрати коментар

Scroll To Top