Младиот норвешки дизајнер Stian Korntved Ruud изрезбарил 365 дрвени лажици во својот проект Daily Spoon. Овој дизајнер минатата година во целост ја поминал во истражување на органските карактеристики на дрвото, преиспитувајќи го соодносот помеѓу функционалноста, естетските квалитети и обликуваните можности.
Сите 365 лажици се од различни видови дрво, за секој ден во годината по една. Дизајнерот сите лажици ги изработил на традиционален начин, користејќи ги своите раце, и на тој начин посветил посебно внимание на видовите дрво со кои се користел.
Модерното индустриско производство вклучува машинска обработка на начин на кој не се истакнува единствената структура и убавината на годовите на дрвото, а токму тоа е една од целите на неговиот проект.
Резултатот на неговата работа е богата колекција исполнета со добро промислен и креативен дизајн кој ја истакнува сировата убавина и топлината на дрвото, токму како мајсторската вештина на изработка која неизмерно ја почитува природата.