Насловна / Ентериери / 35 м2 реновирани во функционален и модерен апартман

35 м2 реновирани во функционален и модерен апартман

5

За време на процесот на реновирање на стан, работата на архитектот е да ги обезбеди сите потребни содржини во рамки на ограничените димензии на просторот. Во однос на градежните компоненти, аранжманот на мебел, изборот на материјали, технички спецификации, секоја одлука има клучно значење што придонесува за просторното искуство и атмосферата. За реновирањето на овој стан во центарот на Женева, Швајцарија, беа ангажирани архитектите од FREAKS freearchitects, имајќи пред себе предизвик да сместат содржини и создадат чувство на голем простор во 35 m2.

1

2
Со цел да се постигне максимална искористеност на секој квадратен метар, границите меѓу просторните содржини не се стриктни. Концептот е јасен и едноставен, со дефинирање на две ленти по должината на апартманот, едната посветена на јавни функции а другата окупирана од приватни зони.

3

4 6 7

Почнувајќи од влезот, тоалетот, складот и вграден плакар кој преминува во бар, затворен со ѕидови од дневната област. Поделбата меѓу спалната и кујната како и кон бањата се направени со проѕирно стакло за да се доведе максимален влез на природна светлина. Визуелен континуитет се постигнува со доминантна употреба на бела боја, која се пренесува и на ѕидовите, таваните и вратите, додека дрвениот под е контрастен и задржан во постоечкиот тон на темна смола. Целата дограма е изработена од иверица со бел површински слој. Долгите светилки што се поставени на таванот се специјално изработени за проектот од холандскиот архитект и дизајнер Mathijs Cremers.

8 910

Испрати коментар

Scroll To Top