35-та улица

Станбениот комплекс кој се наоѓа во северниот дел на Измир, Турција. Се протега на површина од 100 илјади метри квадратни. 1Проектиран е од архитектонското биро Teget. Локацијата е на стрми падини кои имаат разлика на висина од 60 метри. Објектите се континуирано нанижани по една крива линија која се простира и расте во приватни, станбени простори и јавни, заеднички, социјални содржини. 4

Кривата по должина ги следи падините на локацијата, овозможува низа на јавни и приватни простори, вклучувајќи кафулиња, книжарници и заеднички простори за игра и рекреација и создава динамична и разноврсна слика на просторот. Овој комплекс овозможува уникатни погледи на зелени полиња долж коридорот, отвара спектар на различни секвенци по должина на целата крива.5

6

7

14
Архетипскиот дел од проектот се состои од континуиран подземен приод помеѓу паркинзите од двете страни, пешачката улици погоре и станбените објекти кои се прикачени кон неа. 22Оваа шема овозможува оптимизирани растојанија помеѓу паркинзите и станбените единици, што исто така помага да се добијат повеќе зелени површини со вградување на паркинзи под земја.17

13

15

16
Во Турција ова е најголем проект на кој му е доделен Breeam сертификат. Ова е едно одржливо и квалитетно решение за станбено живеење.

19

20

21

2

11

Испрати коментар

Scroll To Top