Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, додели 34 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Вкупниот број на поднесени барања изнесува 12.557, од кои над половина, односно над шест илјади се веќе завршени – легализирани.
„Сите оние граѓани кои што имаат доставено барања за легализација на своите објекти, а немаат доставено елаборати, рокот е до 31 декември 2015 година. Доколку не достават елаборати до тој период ќе имаат проблем со легализација на своите објекти“, истакна градоначалникот Талески.