Насловна / Арт и дизајн / „33 знака“- големи кирилични букви ги освојуваат улиците на Санкт Петербург

„33 знака“- големи кирилични букви ги освојуваат улиците на Санкт Петербург

Уметниците од Санкт Петербург неодамна го започнаа проектот „33 знака“ – толку букви има во руската азбука. Сега на улиците на овој град може да се види целата историја на кирилицата и да се откри како се менувала руската азбука низ вековите. Петнаесет уметници учествуваат во уметничкиот проектот „33 знака“, и секој претставил своја сопствена графема, како на сегашните кирилични букви, така и на оние кои одамна не се користат.

10_resize

 „З“, Јуриј Штапаков

Координаторот на проектот Митја Харшак вели дека токму во Петербург е спроведена најзначајната реформа на рускиот јазик, која ја иницирал Петар Велики. „Со изложбата ’33 знака’ ние и изјавуваме љубов на кирилицата“ вели тој.

5_resize

„Ц“, Виталиј Пушницки

12_resize

„Ф“, Јекатерина Филипенко

Изложбата почнува во центарот Мањеж со инсталацијата „Кириличен лавиринт“. Тоа е приказна за историјата на руската кирилица. Одозгора изгледа како „А“, првата буква на азбуката.

4_resize 3_resize 13_resize 14_resize
На островот Васиљевски изложена е буквата „Я“ во форма на голема скара. Авторот Петар Бели бил инспириран од големиот број на оставени скари после викендот во природа.

1_resize

„Я“ (ја), Петар Бели

Покрај Марсовоото поле се појавила голема буква „Е“, висока преку четири метра.

16_resize

„Ё“ (јо), Андреј Љублински

Буквата „Ш“ изгледа како во детски буквар и наполнета е со разнобојни топки. Се наоѓа во дворецот на Шереметјеви.

6_resize

„Ш“, Андреј Воронов

9_resize

„Х“, Митја Харшак

Буквата „Х“ е поставена на острово каде се наоѓа Петропавловската тврдина. Се состои од одвоени елементи во форма на стрелки кои покажуваат насока. Кога се обиколува околу инсталацијата се стекнува чувство дека таа се движи.
Покрај современите букви, уметниците креирале и инсталации во вид на кирилични букви кои денес ги нема во азбуката, но некогаш се користеле.

Инсталациите со буквите ќе бидат изложени на јавни места до средината на октомври.

 

17_resize

„јус мал“, Покрас Лампас

18_resize

 „јус голем“, Боремир Бахарев

7_resize

„Ы“ (јери), Андреј Пуњин

19_resize

 „Ю“ (ју), Јуриј Гордон

11_resize

„ижица“, Александар Шишкин, Хокусај

Испрати коментар

Scroll To Top