Jay Bialsky, човек кој се занимава со проектирање на луксузни недвижности, неодамна го претстави најновиот проект, куќа во Хемптонс. Масивното здание се наоѓа на парцела од 2,8 хектари и има прекрасен поглед на Атлантикот.
Секако, тука се работи за повеќе елементи кои фасцинираат. Современата резиденција има речиси 3.500 м2 простор за живеење и во согласност со квадратурата, и цената од 33 милиони долари е обесхрабрувачка за многу смртници.
Сместен на самата плажа, со прозорски стакла од подот до таванот кои обезбедуваат смирувачки поглед на брановите, овој ултрамодерен дом е среден и опремен на начин што идните сопственици не жалеле да трошат пари.
Се очекува луксузната куќа да биде завршена целосно во 2017 година. Има седум спални соби, голема дневна соба, сала за вежбање и киносала.
Поради исклучителниот декор на ентериерот како и екстериерот за кој биле задолжени Blaze Makoid Architecture и LaGuardia Design studio, се верува дека куќата ќе биде една од најатрактивните во оваа област.