Насловна / Архитектура / 3,2 милиони соларни панели опкружуваат нова зграда во турската пустина (ВИДЕО)

3,2 милиони соларни панели опкружуваат нова зграда во турската пустина (ВИДЕО)

Во со сонце преплавената рамнина Карапинара во Турција, неодамна е завршена централната контролна зграда на енергетската компанија Kalyon Enerji според проект на оистанбулската архитектонска фирма Bilgin, симболизирајќи ја одржливата човечка инвентивност и колективната цел кон неутрална јаглеродна иднина.

10

Опкружена со огромно поле на соларни панели, оваа зграда е дефинитивно повеќе од обичен работен простор. На ниво на фасадата, структурата е обвиена со рефлектирачки панели од нерѓосувачки челик, а воедно визуелно се спојува со околината и се истакнува како одлична скулптура на спојот на земјата и небото.

2

Пустинска клима на оваа област претставувала предизвик и можност за тимот архитекти од Bilgin додека ја проектирале контролната зграда за Kalyon Enerji.

1

Новата структура сместена е во рамки на 20 квадратни километри подрачје воспоставено за собирање одржлива енергија, и е поставена на точно пропишано растојание од соларните панели со кои управува.

Оваа стратешка положба морала да се дефинира на начин за да се избегне засенување на панелите, а во исто време да се интегрира зградата во пејзажот.

9

Фасадата со висок сјај делува како огледала во опкружувањето, рефлектирајќи го бесконечното пространство на небото и околниот терен. На овој начин се создава визуелна хармонија која ги замаглува границите помеѓу зградата и околината.

3

3,2 милиони соларни панели во областа

Како што објаснија турските архитекти за Designboom, објектот е замислен како продолжение на 3,2 милиони соларни панели, сугерирајќи на спој на технологијата и природата.

Секундарниот слој на зградата од 7.200 панели од не’рѓосувачки челик, дизајниран со различни нивоа на транспарентност, делува како штит од силната сончева светлина за да се минимизира апсорпцијата на топлина.

8

Ова обезбедува оптимална употреба на енергија и создава динамична игра на светлина и сенка.

Рефлектирачката површина на објектот се менува во текот на денот, претворајќи се во платно со променливи нијанси. Во облачните денови, границата помеѓу зградата и небото се губи, а како што паѓа ноќта, фасадата целосно се трансформира и открива светли ентериери и централен двор.

4

Фасадата на дворот се гледа од фоајето

По влегувањето во зградата, посетителите ги пречекуваат пријатно уредени влезни простори каде постојано се губат границите меѓу внатрешноста и надворешноста.

Фасадата на дворот, видлива е од фоајето, служи како постојан потсетник на природниот свет надвор.

13

Цела низа меѓусебно поврзани простори, вклучувајќи кафетерија и повеќенаменска сала, пружаат жив простор за соработка и учење.

Во срцето на зградата има раскошен двор кој е украсен со автохтони растенија и нуди пријатна оаза за одмор од околната сурова клима.

7 12 11 14 5 6

Испрати коментар

Scroll To Top