Насловна / Вести / 30 милиони евра неповратни средства за поддршка на енергетиката во Црна Гора

30 милиони евра неповратни средства за поддршка на енергетиката во Црна Гора

Европската унија (ЕУ) во јануари ќе и обезбеди нa Црна Гора неповратни средства во износ од 30 милиони евра за поддршка на енергетскиот сектор. Ова е соопштено на средбата помеѓу амбасадорката на ЕУ во Црна Гора, Оана Кристина Попа, и министерот за  капитални инвестиции на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ. Притоа, Попа ја истакнала заложбата на ЕУ за имплементација ан пакетот за енергетска поддршка на шесте земји од Западен Балкан во вредност од една милијарда евра.

popa1

Основаната сел на неповратната помош од 30 милиони евра за Црна Гора е ублажување на влијанието од високите пазарни цени на енергијата, заштита на малите бизниси и загрозените домаќинства. На споменатата средба разговарано е и за потребата од итно започнување со функционалност на пазарот на електрична енергија „ден однапред“, како и потребата од интеграција со соседните пазари, забрзување на преминот кон пазарни шеми за поддршка на обновливата енергија, како и усвојување на законот за безбедност во снабдувањето со нафтени дерфивати и складирањето на задолжителни нафтени резерви.

popa2

 

Испрати коментар

Scroll To Top