Наскоро ќе започнат работите на реконструкција на 35 фасади во центарот на Белград, на кои ќе биде воведено и ново декоративно осветлување. На еден објект на улица „Караѓорѓева“ работите веќе се во тек.
Финансирањето на овој проект кој ќе чини три милиони евра (вкупно за сите фасади) е обезбедено од буџетот на градот.
Со оглед на фактот што зградите во центарот претставуваат културно добро, целата постапка се одвива во соработка со Министерството за култура.