Насловна / Вести / 3.000 евра за клупи и корпи за Македонско село

3.000 евра за клупи и корпи за Македонско село

Владата планира да потроши до 3.000 евра за клупи и корпи за комплексот Македонско село во Нерези.

Оваа набавка се чини е последната активност на Владата за доопремување на комплексот, за кој неодамна беше најден концесионер.

ЕтноселоНерези

Според најавите, хотел „Квинс“ и „Тинекс“ веќе требаше да го потпишат договорот за концесија на комплексот за наредните 20 години.

Двата субјекта, сопственост на семејството на некогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, за етно-селото ќе плаќаат месечна концесија од 3.500 евра со ДДВ. Избраниот концесионер понуди највисока цена на јавното наддавање на кое учествувале тројца заинтересирани субјекти.

Хотел „Квинс“ и „Тинекс“ станаа концесионери на етно-селото по вториот обид на Владата за избор на стопанисувач со комплексот.

Концесионерите ќе добијат на располагање комплекс од 12.000 квадратни метри кој содржи 12 куќи со автентична архитектура од неколку региони во земјата, ресторан, музеј, амфитеатар, воденица…

Испрати коментар

Scroll To Top