Насловна / Архитектура / 28 подвижни крилја го штитат павилјонот на Калатрава од песочни бури

28 подвижни крилја го штитат павилјонот на Калатрава од песочни бури

Шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава имаше полни раце работа за овогодинешниот EXPO 2020, кој поради пандемијата, ќе биде отворен една година подоцна, на 1 октомври 2021 година.

Покрај тоа што работи на павилјонот на Катар со едра и палми, овој познат архитект го проектираше и павилјонот на Обединетите Арапски Емирати, чиј најголем град – Дубаи – е домаќин на овогодинешната Светска изложба.

1_resize

Павилјонот од 15.000 квадратни метри е, како што велат од бирото во Калатрава, „симболична интерпретација на текот на движењето“, односно дизајниран е да има препознатливи заоблени конзолни носачи кои не само што создаваат сенка, туку и креираат простори и го спојуваат објектот со пејзажот.

2_resize

Меѓутоа, кровот на овој павилјон крие бројни занимливости.

Хибридниот кров се состои од лушпа и портал составен од 28 конзолни крила. Секое крило може да се отвори во рок од три минути, покривајќи агол од 110 до 125 степени. Целата оваа машинерија се придвижува со 46 хидраулични кранови кои овозможуваат ротација на крилјата, како и подигање на целиот кров.

Заштитени од песочни бури

Павилјонот на Калатрава е целосно свртен кон одржливоста, па внатрешноста на кровот ќе биде украсена со фотоволтаични панели произведени во Емиратите. Овде подвижните крилја имаат уште една улога. Имено, кога се затворени, ќе ги штитат панелите од дожд и песочни бури, а кога ќе се отворат, ќе им овозможат на панелите максимално осончување, со цел да произведат доволна количина електрична енергија за напојување на целиот павилјон.

4_resize

Иште еден архитектонски елемент ќе го краси кровот на павилјонот, а тоа е Oculus skylight. Овој елемент е поставен на височина од 27,8 метри и има форма на логото на Светската изложба EXPO 2020. Освен што обезбедува светлина во внатрешноста на павилјонот, Oculus е опкружен со решетки кои се отвораат во случај на пожар.

Подвижни трибини

И тоа не е крај. Во срцето на павилјонот е аудиториум со подвижна платформа. Оваа платформа ги носи трибините заедно со гледачите од еден на друг кат за време на аудио-визуелните проекции.

3_resize

Поради сето ова, павилјонот на Обединетите Арапски Емирати ќе биде задолжителна станица за сите посетители на EXPO, бидејќи ќе создаде импресивно искуство за сите сетила. Посетителите ќе можат да уживаат не само во архитектонското доживување, туку и во филмските проекции што ќе ја евоцираат историјата, културата и визионерските иновации на оваа богата земја.

Испрати коментар

Scroll To Top