Овој еколошки датум се одбележува повеќе од 20 години, а има за цел да укаже на значењето на планините за квалитетот на животот, да се истакнат можностите и ограничувањата за нивно зачувување и да се создадат партнерства кои ќе придонесат за позитивни промени. Планините заземаат една петина од вкупната копнена површина на Земјата и значајни се за одржување на животот бидејќи обезбедуваат кислород, вода за пиење и претставуваат живеалишта за бројни растителни и животински видови.