Насловна / Вести / 26. Конгрес за големи брани – ICOLD, Виена

26. Конгрес за големи брани – ICOLD, Виена

Во периодот од 1 до 7 јули 2018 година, во Vienna, главниот град на Австрија, се одржа 26-тиот конгрес за големи брани и 86-тата годишна конференција на Меѓународната комисија за големи брани (The International Commission on Large Dams – ICOLD. Најзначајните светски настани во индустријата за брани во текот на годината се одржаа во грандиозниот конференциски центар Austria Center Vienna. Манифестацијата беше отворена од Anton J. Schleiss, претседател на ICOLD, Elisabeth Köstinger, министерка за одржлив развој и туризам на Австрија и Gerald Zenz, претседател на Австрискиот комитет за големи брани (ATCOLD).

1

Austria Center Vienna, место на одржување на ICOLD

Во склоп на овогодишната манифестација на ICOLD се одржаа бројни настани: работилници на техничките комитети на ICOLD, состаноци на регионалните комитети, меѓу кои и на Европскиот регионален клуб (Europеan Regional Club) каде припаѓа MACOLD, состаноци на 25 технички комитети, меѓу кои и на комитетот за сеизмички аспекти при проектирање на брани (каде членува претставник на MACOLD), форум на младите инженери, генерално собрание на ICOLD на 3.јули, пред-конгресни, конференциски и пост-конгресни стручни екскурзии. Централни научни настани беа 86-тиот меѓународен симпозиум ATCOLD Hydro Engineering Symposium, 2-3 јули и 26-тиот конгрес за големи брани на 4-6 јули.
Темите на 86-тиот симпозиум беа: (0) SPECIAL SESSION OROVILLE, (1) Climate Changes Reservoir Operation, (2) Permission and Safety Assessment, (3) Dam and Foundation Sealing, (4) Caverns and Power Water Way, (5) Stability of Reservoir Slopes.
На 26-тиот конгрес за брани беа разгледани четири прашања. Q100 – Reservoir Sedimentation and Sustainable Development, Chair: George ANNANDALE, Q101 – Safety and Risk Analysis, Chair: Harald KREUZER, Q102 – Geology and Dams, Chair: Kaare HOEG, Q103 – Small Dams and Levees, Chair: Adama NOMBRE.

2

Генерално собрание (General Assembly) на ICOLD, 3.7.2018 година

Од големиот број на реферати кои беа публикувани во Зборникот посветен на 26-тиот Конгрес за големи брани, од околу 1,500 учесници на манифестацијата во Виена, беа отпечатени и два реферати припремени од членови на MACOLD: “ASSESSMENT OF SEISMIC RESISTANCE OF COMBINED TAILINGS DAMS”, од Ljupcho PETKOVSKI and Stevcho MITOVSKI и “CRACKS AT MATKA ARCH DAM – A CASE STUDY” од Ljubomir TANCHEV, Jovan SHULEVSKI and Stevcho MITOVSKI.
Од административниот дел најзначаен настан беше Генералното собрание (General Assembly), кое се одржа на 3.јули 2018. Сите одлуки на собранието беа донесени со тајно гласање на присутните претседатели на националните комитети за брани, а најзначајните од нив беа следните:
(1) Беше избран нов претседател на ICOLD со мандат од три години, Michael Rogers (USA).
(2) За потпретседатели на ICOLD беа избрани: Michael Abebe (Ethiopia) и Ali Noorzad (Iran).
(3) Презентирани беа капацитетите на домаќинот за одржување на ICOLD 87. Annual Meeting во Ottawa (Canada), во 2019.
(4) Презентирани беа капацитетите на домаќинот за одржување на ICOLD 88. Annual Meeting во Индија, во 2020.
(5) Презентирани беа капацитетите на домаќинот за одржување на ICOLD 89. Annual Meeting и 27. Congress 2021, во Marseilles (France).

3

Обраќање на Michael Rogers (USA) – новиот преседател на ICOLD

На крајот би истакнал дека учеството на делегати од Здружението Македонски Комитет за Големи Брани (ЗМКГБ или MACOLD) на манифестациите во организација на ICOLD е од огромно значење за развојот на Инженерството за брани во Р Македонија. Тоа претставува можност да се набават Зборниците со рефератите, активно да се учествува во техничките комитети на ICOLD, да се обезбеди континуиран трансфер на знаење од најавторитетното здружение за брани во Светот и да се запознаеме со новините за браните со придружните објекти, што претставува прв услов тие да бидат имплементирани кај нас.
Ја ползувам оваа можност да се заблагодарам на Градежниот факултет во Скопје без чија финансиска поддршка, учеството на делегат од Македонија на 86. годишната конференција и на 26. Конгрес за големи брани, во организација на ICOLD во Виена, Австрија, ќе беше тешко изводливо.

Автор: Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје

Испрати коментар

Scroll To Top