Насловна / Вести / Фотографот Sam Youkilis со изложба во галеријата C/O Berlin

Фотографот Sam Youkilis со изложба во галеријата C/O Berlin

Во галеријата C/O Berlin од први февруари па до 7. мај се одржува изложба со симболичнен наслов – Under the Sun.

Одлучле да ја започнат сезоната со Sam Youkilis, уметник кој социјалните мрежи го исфрлја во прв план и го направија неочекувана ѕвезда на фотографијата. Имено, за оние кои не знаат кој е, тој е уметник кој бележи навидум обични моменти на сосема непознати луѓе, улици, делови од градот, светот – со што ја доловува убавината на секојдневието.

Покрај неговата прославена работа во комерцијалната, пред се модната фотографија, овој фотограф и режисер, роден во Њујорк во 1993 година, ги користи своите професионални патувања како можност да создаде кратки филмови и видео записи кои ги документираат човечките интимни моменти, емоции и интеракции, како и одамна воспоставените занаети и локални традиции.

Како пионер во новата форма на визуелно раскажување приказни, Youkilis користи исклучиво iPhone, но и Инстаграм како единствена платформа за комуникација, каде што ги споделува своите набљудувања, распоредени во тематски групи и секој ден го зголемува бројот на неговите следбеници кои ја обожаваат неговата работа.

Youkilis ги снима навидум тривијалните ситуации што се случуваат пред неговите очи: свежа шолја еспресо, интензивно шарените штандови, риболов со чамец, нежност на човечки гестови.

Покрај неговиот успех со нарачана работа во комерцијална модна фотографија, Youkilis, кој студирал на Bard College со инструктори меѓу кои и Stephen Shore, развил свои методи и визуелна естетика. Тој ги користи патувањата поврзани со работата како можност да ги истражи повторливите сцени на туристичко слободно време, кои ги снима во кратки видео записи.

Како пионер на новата наративна форма, Youkilis ги споделува своите визуелни белешки – кои комбинираат улична фотографија, фотографија од паување и документарна фотографија – со широката публика на Инстаграм.

Денес тешко се наоѓаат разгледници на местата за одмор и прикажувањето слајдови на блиски пријатели дома е минато, социјалните мрежи во голема мера станаа платформа за прикажување и споделување, за самоприкажување и самопотврдување – сцени од идилични одмори, уметностн на испивање кафе, видеа од животни, селфија и зајдисонце. Youkilis, исто така, прави типични фотографии, очекувани за Инстаграм, користејќи познати клишеа од патувања додека ги доловува локалните обичаи и одамна воспоставените занаетчиски традиции.

Во неговата практика, аматерската логика на платформата се спојува со професионалноста на обучен уметник кој ја носи заводливата моќ на неговите слики еден чекор предалеку. Неговиот опус, кој досега опфаќа десетици илјади слики на дејства и мотиви, е подреден во тематски серии и конципиран во универзални и безвременски симболи на човечкото искуство – поетски поглед на работите што ги споделуваме под сонцето.

Работата на Sam Youkilis исто така ја нагласува употребата и влијанието на фотографијата во современите мас-медиуми и во нашата брза визуелна култура: Како паметните телефони и социјалните мрежи ја менуваат нашата интеракција со фотографијата? Како ги користиме сликите за да ги формираме нашите идентитети, да ги споделиме нашите искуства и да создадеме значење?

На изложбата Under the Sun, првата самостојна изложба на уметникот во институција, C/O Berlin ја носи визуелната архива на iPhone видео секвенци на Sam Youkilis во извонреден изложбен простор.

Испрати коментар

Scroll To Top