Насловна / Вести / Во Белгија вработените за возење велосипед до работа заработуваат до 810 евра

Во Белгија вработените за возење велосипед до работа заработуваат до 810 евра

Возењето велосипед до работа во Белгија не е добро само за здравјето, туку и за паричникот.

За секој километар што вработените ќе го поминат на пат до фирмата каде што работат добиваат накнада од 0,28 евра.

Некои од нив на тој начин заработуваат и до 810 евра годишно. Објавено е дека секој шести белгиски работник возел велосипед до работа минатата година и го добил овој додаток.

Благодарение на оваа пресметка, граѓаните кои во 2024 година оделе на работа со велосипед заработувале просечно околу 460 евра нето годишно или 38 евра месечно, што е за 20 отсто повеќе од 2023 година.

Вкупниот надоместок што го заработуваат велосипедистите зависи од повеќе фактори, но пред се од оддалеченоста и висината на надоместокот што компанијата го доделува.

Истражувањето покажало дека секој четврти работник (26 отсто) кој живее на пет километри од работа минатата година возел велосипед до компанијата.

Оние кои се подалеку од работа патуваат со велосипед во просек најмалку два пати неделно и заработуваат речиси 300 евра годишно. Најмногу заработуваат оние кои живеат најдалеку од работа, до 30 километри, но во Белгија такви засега се малку – само 11 отосто.

Испрати коментар

Scroll To Top