Насловна / Арт и дизајн / „Форум Скопје – Секторски консултации“ во Јавна соба: Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата

„Форум Скопје – Секторски консултации“ во Јавна соба: Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата

Креативните индустрии се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, рече Даниел Филер, заменик амбасадор на Велика Британија во земјава.

Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, и пренесе дел од неговото огромно искуство кое придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.

Креативниот потенција кој го поседува Северна Македонија, доколку е добро организиран може да биде еден од водечките двигатели на економијата, а потребно да се оформи добра стратегија со помош на интерактивно делување меѓу креативците и државата, беа клучните воведни зборови со кои беше отворен Форум Скопје – Секторски консултации“ – во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ.

Форумот го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека креативните индустрии, во последните години во глобални рамки се покажаа како исклучително продуктивна и профитабилна област која нуди широк простор за презентирање на вештината, имагинацијата и талентот на креативците и нивно соодветно валоризирање на пазарот.

“Министерството за култура и туризам  во рамки на преземените активности во фаза е формирање е Совет за креативни индустрии составен од стручни лица, кои ќе изработат Национална стратегија за развој на креативните индустрии со Акциски план, а се преземаат подготвителни активности за изработка на ново мапирање на креативните индустрии во РМ, по што ќе го објавиме и Конкурсот за финансирање проекти од оваа област. Од тие причини верувам дека токму денешниот настан ќе биде одлична можност за размена на мислења, знаења и искуства за реализација на различни проекти кои ќе го зголемат влијанието на креативната економија и ќе ја збогатат културната понуда во земјава. Сето тоа ќе отвори нови можности за културна размена и соработка, ќе придонесе за подобрување на културниот дијалог и развој на локалната културна сцена, ќе им овозможи на уметниците и дејците да се поврзат, да разменуваат идеи и да учествуваат во меѓународни проекти.“, рече Љутков.

Заменик амбасадор на ОК,  Даниел Филер, рече дека искуството на Велика Британија покажува дека креативната индустрија од маргинализирана, сега е еден од петте водечки двигатели на економијата.

-Веќе неколку дена во Скопје разговараме за оваа важна тема за секоја држава и се радувам на соработката со Министерството за култура, бидејќи има сензибилитет за развој на креативните индустрии. Колку за пример Велика Британија во 2022 година во севкупната економија инкасираше 124 милјарди фунти со што стана една од петте водечки индустрии, и натаму бележи раст. Креативните индустрии бележат двојно побрз раст на економијата од сите останати индустрии. Тие се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, и се атрактивни за туризмот. Се надевам дека ќе продолжиме со соработката и во иднина вашата држава ќе покаже многу резултат, со оглед на троа што има голем креативен потенцијал, рече Филер.

Кирил Ѓозев од Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ. Како претставник на УМПАКИ, истакна дека заедничката визија за развој на креативните индустрии се доближува кон својата цел и се надева дека со креативците заедно ќе се изградат мостови со нови партнери.

-Благодарен сум на можноста да разговараме за унапредување на креативната економија. Како организација наша задача е да обезбедиме дека гласовите на креативците ќе бидат слушнати, а со заедничко дејствување ќе ја обликуваме нашата економија и нашето општество, рече Ѓозев.

Во присуство на претставници на креативните индустрии, медиумите и останати заинтересирани посетители на форумот, Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, по што следуваа дискусии за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци дискутираат со своите колеги на следниве теми: Градење нов идентитет преку големи културни настани; Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа); Образование за креативни кариери; Подобрување на условите за креативна продукција;

Брајдон е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион  и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија и Шкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.

Покрај него во Скопје е и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул – град на културата во 2008 година и Ливерпул – домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија.

Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, свои искуства пренесоа и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни индустрии и дигитална патоказна стратегија – West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и вклучување на младите – London Legacy Development Corporation

Овој форум е континуитет на конференцијата за развој на креативниот туризам која се одржа за време на Skopje Design Week 2024 и беше прва јавна дискусија по спојувањето на Министерството за култура со секторот туризам.

Испрати коментар

Scroll To Top