Насловна / Дневни Вести / Австриска фирма ќе гради мол во Загреб вреден 250 милиони евра

Австриска фирма ќе гради мол во Загреб вреден 250 милиони евра

zagreb_buzin_01_ekz_stadtplan.jpgАвстриската компанија која дава услуги во областа на недвижности m2 Group доби градежна дозвола за изградба на шопинг центарот Supernova Zagreb. Шопинг центarot се наоѓа на 10 минути от центарот на градот, во непосредна близина до јужната обиколница хрватскиот главен град и една од главните крстосници на патот кон аеродромот.

 

Градителот, според EuProperti, вели дека комплексот разместен на
површина од 110.000 квадратни метри, ќе биде најмодерен и енергетски
најефикасен мол во Хрватска. Вкупните трошоци за проектот ќе бидат над
250 милиони евра.

 

2_3_12_zagreb_buzin_01_ekz_ansicht.jpg 

 

Директотрот на Супернова, Гргур Јолиќ вели дека градежните работи ќе почнат веднаш, а отварањето на молот би било есента 2011 година. Во комплексот ќе има 200 продавници сместени на површина од 80.000 квадратни метри, од кои 70 проценти веќе се издадени и паркинг за 3.600 возила. Меѓу најголемите изнајмувачи на простор се хипермаркетите Inter Spar, Peek & Cloppenburg, дрогериитеMüller, продавниците за електроапарати Elipso, за чевли Humanic, и компанијата Esprit. Освен тоа предвидена е зона за забава и користење на слободното време со кино, куглана, казино и ресторани. Во втората фаза проектантот предвидува изградба на хотел на површина од 30.000 квадратни метри.

 

2_3_12_zagreb_buzin_01_ekz_lageplan.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top