Повторување на написот по повод денешниот празничен ден- 9 Ноември
Берлин слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид со инсталација од 8.000 светлечки балони долж поранешната траекторија. Инсталацијата наречена „Граница на светлината“ (Lichtgrenze), дизајнирана од специјалистите Whitevoid заедно со филмското студио Bauderfilm, ќе се протега на 15 километри од 140-километарската структура, која порано го обиколувала западниот дел од градот.
Погледот кон кулите, информативните точки и тури со водачи, ќе бидат застапени на клучните локации вклучувајќи го и Mauerpark, меморијалниот Берлински ѕид на Bernauer Strasse и Галеријата на источната страна.
Покрај тоа, голем број екрани ќе прикажуваат филмски колажи кои ја документираат неговата 25-годишна историја. Балоните ќе бидат осветлени на 7 ноември а ќе останат до 9 ноември.