Како што беше случај со многу други технолошки еуфории (се сеќава ли некој на метаверзумот?), и оваа поплава на вештачка интелигенција (ВИ) ќе стивне наместо навистина да направи некоја тектонска промена за просечните корисници на компјутери. Секако зад себе ќе остави одредени алатки кои ќе им бидат корисни на архитектите и дизајнерите на ентериер.
Според истражувањето на A/O Proptech, ВИ стартапите фокусирани на градежната индустрија оствариле инвестиции во вредност од 12,3 милијарди долари во последните три години. Овие 10 компании од таа листа би можеле да остават свој белег и по ВИ еуфоријата.
Hypar: Text-to-BIM
Со седиште во Лос Анџелес, една е од неколкуте фирми за вештачка интелигенција која во голема мера е фокусирана на користење на анализа на податоци за забрзување на раните фази на развојот на концептот на проектот, а алатката е опишана како „text-to-BIM“.
Дизајнирана е да работи во соработка со други популарни софтвери како Revit, Rhino и Grasshopper.
Delve: ВИ за рани фази на проектирање
Лансиран во 2020 година од Sidewalk Labs на Google, Delve е уште една алатка фокусирана на користење на машинско учење за да се забрза раниот развој на концептот на проектот.
Обучен за податоци за градски населби, генерира милиони опции за развој врз основа на кориснички критериуми, вклучувајќи буџет, големина и ограничувања на локацијата, и ги рангира резултатите врз основа на тоа колку добро ги исполнуваат приоритетите.
Исто така, може да даде информации за тоа колку дневна светлина би добил секој поединечен стан во станбен објект.
Autodesk Forma: Лесно до форма
Првично наречен Spacemaker, пред да биде купен во 2020 година од големата американска софтверска компанија Autodesk за 240 милиони долари, Forma е конкурент на Hypar и Dwell.
Autodesk тврди дека една голема архитектонска фирма ја подобрила продуктивноста за 50% во развојот на проекти во рана фаза користејќи ја оваа алатка.
Finch 3D: Основа на зграда за минута
Шведскиот стартап Finch 3D е основан од архитектонското студио Wallgren Arkitekter и шведската градежна компанија BOX Bygg во 2019 година, а сега нивната алатка има 18.000 корисници на листа на чекање.
Алатката им овозможува на корисниците брзо да генерираат основи за згради кои се оптимизирани за низа критериуми, вклучувајќи ја и CO2 ефикасноста.
Swapp: ВИ креатор на градежна документација
Компанијата Swapp, основана во Тел Авив, тврди дека е ВИ креатор на градежна документација и дека е во можност да автоматизира еден од најсложените и технички најтешките аспекти во развојот на архитектонски објект. Во интервју за Architizer, основачот и извршен директор на фирмата, Eitan Tsarfati, сугерираше дека алатката може да ги спречи архитектите да станат незадоволни и да ја напуштат професијата.
Spacio: Сè во едно
Сè уште во бета верзија, Spacio се нарекува себеси „алатка за проектирање на згради сè во едно“, која може да се користи и преку веб-пребарувач. Со акцент на едноставност на користење, алатката ветува дека ќе го „демократизира пристапот до проектантската интелигенција“, овозможувајќи им на корисниците да произведуваат основи и дигитални скици, како и симулации на работа на дневна светлина, бучава, ветер и дожд, сето тоа со само неколку кликања.
LookX: Од ништо нешто
Основана во Шенжен во 2016 година, Xkool беше меѓу првите алатки за вештачка интелигенција наменета специјално за архитекти. Сега се појави англиска верзија на платформата наречена LookX.
Благодарение на машинското учење, оваа алатка им овозможува на корисниците да генерираат визуелизации на проекти преку фино подесени параметри кои ги земаат предвид стиловите, трошоците, па дури и прописите.
3DGuru: Од идеја до рендер
Моментално во пилот фаза, стартапот од Сан Франциско ја опишува својата алатка како „дизајнер на ентериер со вештачка интелигенција“.
Оваа алатка може да креира цртежи на основа врз основа на фотографии, како и да предложи визуелизација на дизајнот, да препорача одреден мебел и детали на ентериер врз основа на вкусот и буџетот.
Midjourney: Креира основи и пресеци
Меѓу ВИ моделите кои можат да генерираат висококвалитетни слики од кориснички прашања, Midjourney се покажа како најимпресивен, а досега се случило повеќе пати неговите излезни примери погрешно да се помешаат со вистински фотографии.
Иако не е специјализиран за архитектура и дизајн, може да произведе убедливи прикази на имагинарни проекти, а со најновата верзија може креира и основи и пресеци.
Adobe Firefly: Вештачка интелигенција во Photoshop
Неодамна лансиран, претставен како алатка специјализирана за графички дизајнери. Освен што е интегриран во други производи на Adobe како Photoshop, Firefly е третиран на сопствена библиотека со слики, што значи дека е помалку подложен на прекршување на интелектуална сопственост отколку некои други алатки за вештачка интелигенција.