Сместена во Барселона, Шпанија, градежната компанија ТИНИ ја заврши изградбата на нов семеен дом, Монтсени од само 128 m², со впечатлив и експресивен волумен однадвор, додека внатре е спокоен и мирен простор.
Објектот е опкружен со маслинови дрвја, на рамен терен составен од низа земјени бои, аспект што ќе се земе предвид при дизајнирање на фасадата. Благодарение на големата тераса на горниот кат, набљудувачот има привилегија да ужива во неверојатен поглед на планината.
Двокатната куќа е составена од четири модули споени за нешто повеќе од една недела, што ја истакнува ефективноста на процесот на градење. На приземјето се позиционирани работната соба, бања, две спални соби, како и кујната, дневната соба и трпезаријата кои се поврзани со тремот, со што се воспоставува врска помеѓу градината и внатрешноста на куќата.
Оваа фузија помеѓу ентериерот и природната средина создава хармонија која поттикнува поврзување со градината. На горниот кат е сместена главната спална соба, независна енклава која обезбедува приватност и се отвора на терасата, ориентирана кон планината.
Зградата не останува незабележана поради изборот на материјали од градежната компанија Тини, која се одлучува за впечатливи материјали како челик Кортен и термички обработено дрво на фасадите. Покрај тоа, објектот се обидува да ја намали енергијата и потрошувачката преку инсталација на соларни панели, како и подно греење. Оваа прилично интуитивна просторна конфигурација од 128м2, распоредена на две нивоа, е дизајнирана да го максимизира внатрешниот простор и да ја подобри околината и нејзината текстура.
Изборот на материјали е природен, каде што фузијата на челик Кортен и термички обработено дрво на фасади и решетки создава многу моќен израз. Овие елементи хармонично се интегрираат со земјената палета на околината, воспоставувајќи контраст со пермеабилноста на маслиновите дрвја што го опкружуваат имотот.
Во време кога аплиакцијата на имитационите материјали е пракса , тини е поборник за користење на природни материјали, кои го изразуваат нивниот природен карактер и го означуваат текот на времето. Се бара и најефикасен начин за климатизација, преку подно греење/ладење и аеротермална енергија, одржливо напојувана од соларни панели сместени на покривот. Поради истата причина, за подот е избрана завршница која ја подобрува топлинската инерција истовремено намалувајќи ја потрошувачката.
Ваквото решение не само што постигнува речиси нула потрошувачка, туку ја одразува и очигледната посветеност кон одржливоста и зачувувањето на животната средина.
Финалниот архитектонски израз претставува експресивна волуметрија однадвор, додека во ентериерот е воспоставен едноставен и симетрично генериран отворен простор, каде што како императив се наметнува хедонизмот во сите годишните времиња.