Насловна / Порта3 / Условот за продолжување на стипендиите го исполниле 24 студенти

Условот за продолжување на стипендиите го исполниле 24 студенти

Image

Вкупно 41 студент од Градежниот факултет во Скопје лани доби стипендија од Фондацијата за стипендирање на студенти по градежништво и геодезија, основана од Факултетот и од неколку донатори во 2004 година. Од нив 24 ги исполнија условите паричната помош од Фондацијата да ја добиваат и оваа академска година. Или, од вкупно 13 стипендирани студенти од прва година правото да ги задржат средствата и во втора година го оствариле 11, од 9 во втора година условот го исполниле седум, од 11 стипендисти во трета година Фондацијата годинава ќе поддржи само 7 студенти.

Услов за задржување на стипендијата е сите испити да се положат заклучно со септемвриската сесија и тоа со просечна оценка над 8.

На состанок со донаторите деканот на Градежниот факултет Петар Цветановски посочи дека лани наместо 10, на студентите им се исплатени по 9 стипендии, за што причина е ненавремената уплата на средствата. Донаторите велат дека немаат намера да се повлечат од Фондацијата, но бараат да бидат потсетени кога треба да ја извршат уплатата.

Со разбирање за економската криза која го зафати стопанството во
државата, како што информира деканот Цветановски, во планот за
понатамошно функционирање на Фондацијата е преку неа наместо 40,
годишно да се стипендираат по 30 студенти од Градежниот факултет.

Фирми
донатори на Фондацијата се “Адинг”, “Бетон”, “Бетон” Штип, “Гранит”,
Заводот за испитување на материјали “Скопје”, ИЗИИС, “Илинден”,
Градежниот институт “Македонија”, хидросистемот “Стрежево”, “Синтек” и
“Искра”. Нивни претставници сметаат дека треба да се најде начин
талентираните студенти да остануваат во земјата, наместо да заминуваат
во странство. Градежниот факултет од нив, пак, очекува да помогнат за
иновирање на наставните програми според нивните потреби.

 

С.В.

Испрати коментар

Scroll To Top