Агустин Гор од GRX Arquitectos беше задолжен за ревитализацијата на колективниот станбен проект во Гранада од Хозе Мª Гарсија де Паредес. Проектот е награден на XXII издание на фестивалот Ascer Ceramic Awards.
Тој вклучува интервенции во две независни станбени единици уредени по модел на современото живеење. Предизвик за архитектите била да го почитуваат оригиналното дело, земајќи ги во предвид иницијалните идеи и цртежи од авторот во 20 век, каде што намерата била да се создаде модуларен и хомоген систем кој ќе решава сложени потреби на корисниците.
Куќата Isabel la Católica, возобновена од архитектонското студио Агустин Гор (GRX Arquitectos), е дело на архитектонска реформа во која, со волјата да се размислува за мајсторот, се следи неговиот пристап, преку неколку вертикални рамнини конципирани по терк на картезијанска мрежа, со можност за адаптирање на димензиите согласно програмските барања.
Оригиналниот габарит е поделена на два дела, формирајќи два нови домови, еден свртен со јужна ориентација, посветол и потопол, додека на спротивната северна страна, во вториот дом, неправилностите од основата е генериран со потребната пластичност и ги акцентира неправилностите од основата.
Зградата Isabel la Católica nº2 е дело на познатиот архитект Хозе Мª Гарсија де Паредес (1924-1990), која до ден денес ги почитува особеностите што ја отелотворуваат неговата плодотворна работа. Почитувањето на делото на Гарсија де Паредес нè наведува да размислиме за неговите скици кога се обидуваме да ја дефинираме примарната цел: од станбен комплекс од 240 m² од средината на 20 век, трансформиран во две независни единици во терк на современото живеење.
Во овој контекст, можно е да се разбере дека кога Гарсија де Паредес ја изградил црквата Алмендралес (1961-1964), тој не ги изневерил принципите на современиот јазик, туку демонстрирал критика, барајќи поголема слобода. Следејќи го овој пристап, просторот го поделил во вертикални рамнини замислени од Декартовска мрежа од 10 × 10 cm адаптирана да се шири и да се стега според потребите на корисниците.
Тоа е хомогена мрежа која се прилагодува, како жив организам, за да им даде облик на елементите на куќата, како што се каминот, ормарот, притоа воспоставувајќи филтер бариера помеѓу различните функции. Сите употребени материјали го следат движењето на ѕидните површини, без разлика дали е керамика или камен, стакло или метал.
Резултатот од процесот на реструктуирање се два автономни волумени: чиј опсег одговара на оригиналните заеднички простори и сервисна област, и каде што се користат постоечките капацитети така што една крива може да ги катализира сите намени во објектот.