Насловна / Архитектура / Трансформација на крајбрежната силуета на градот Мастрихт

Трансформација на крајбрежната силуета на градот Мастрихт

На 23 мај 2023 година, Франс Бастиаенс, градскиот советник за урбан развој на градот Мастрихт, објави дека тендерската постапка за Landbouwbelang, урбанистичкиот план од 30.000 m² на бреговите на реката Meuse, во Мастрихт, Холандија, му се доделува на конзорциумот на групацијата Мастрихт RO и Белгиско-Лимбургер и инвеститорите, Vestio и Group Machiels.

Конзорциумот го освои најголемиот градежен проект во последните децении во Мастрихт (100 милиони евра), претставен од тимот мадридски архитекти Tuñon y Albornoz Arquitectos во соработка со Dhoore-Vanweert Architecten de Hasselt, со поддршка од Jaspers-Eyers.

9-copy-0

Планот што ќе ја трансформира крајбрежната силуета на  Мастрихт, вклучува мешовита намена (домување и комерцијални дејности), како и новото седиште на Институтот за изведувачки уметности – Toneelacademie Maastricht и Conservatorium Maastricht de Zuyd Hogeschool и Зујд Универзитетот за применети науки.

Планот за Landbouwbelang, на архитектите Tuñon и Albornoz, на бреговите на Meuse, ја опфаќа поранешната продавница за жито при што во наредните години,  ќе генерира нов карактер во градското ткиво, со три веетикални поенти, како метафора за трите големи цркви кои го формираат ликот на главниот град од Лимбург. Проектот се заснова на толкување на местото како транзиција помеѓу традиционалната архитектура со хоризонтот во центарот на градот препознатлив по неговите карактеристични кули (цркви) и поголемите (стари) индустриски волумени во Sphinxkwartier. Основата на проектот се состои во реупотреба на оригиналните габарити на Landbouwbelang од 1939 година.

Подоцна додадените простори отстапуваат место за нова интервенција во форма на три кули кои потсетуваат на типичните кули (цркви) од Мастрихт што се издигаат над пределот на покривот. Ќе се зачуваат карактеристичните кранови на кејот, ќе се обноват буквите LANDBOUWBELANG на јужната фасада, ќе се зачува стар кран од Клеихал и ќе се обнови уличната уметност. Планот вклучува подземен паркинг за жителите и инклузивно стимулирана мобилност. Изградбата се очекува да започне во средината на 2025. Периодот на изградба се очекува да се заврши за приближно две години.

3-copy-0

„Апликантите успеаја да додадат ново лого на градот што е иновативно и карактеристично во однос на архитектурата, урбаниот развој и одржливоста. План кој и дава видно место на ревитализацијата на постојното индустриско наследство. И дека со Театарската академија и Конзерваториумот на Универзитетот за применети науки Зујд, Sphinxkwartier е додаден на супра-регионално културно-образовно активирање, изјави претседателот на комисијата за оценување, Фрис Палмбум.

4-copy-0 8-copy-0 7-copy-0

Од почетокот на 13 век до 1783 година, на местото Ландбоубеланг се наоѓал манастирот Антонитен. Оваа импозантна градба со две импозантни црковни кули била најголемата готска монашка црква во Мастрихт. За време на бомбардирањето од 1793 и 1794 година, тој ќе претрпи  сериозни оштетувања и со текот на времето неговата состојба, дополнително се влошува. Низ комплексот во далечната 1848 година ќе се отвори пат за изградба на каналот Лиеж-Мастрихт.

6-copy-0 5-copy-0

Во 1939 година, започна изградбата на претовар на жито за земјоделската задруга Vereniging Landbouwbelang во Роермонд. Изградбата беше завршена дури по Втората светска војна. Во 1970-тите, неговата употреба како ферибот за жито беше прекината и имотот го купи неговиот сосед, Koninklijke Nederlandse Papierfabriek (сега Сапи), кој го продаде на општината Мастрихт во 2003 година. толериран од општината Мастрихт и каде низ годините се создавало културно светилиште. Во 2021 година, проектот на Belvédère Wijkontwikkelingsmaatschappij ја започнува тендерската постапка за реализација на Landbouwbelang во име на општината Мастрихт.

Испрати коментар

Scroll To Top