Логото за рециклирање денес е меѓународно прифатен стандард. Кога ќе ги видиме стилизираните три стрелки, знаеме точно за што се работи. Станува збор за класика на дизјанот и препознатливост каква што имаат на пример брендовите како Coca Cola и Nike. Авторот на ова лого е Gary Anderson, кој за Financial Times неодамна се навратил на времето на создавањето на своето најзначајно дело. Имал 23 години кога во 1970 година се пријавил за учество на конкурс за дизајн на симбол за рециклирана хартија објавен од страна на Container Corporation of America. Тој дури и не бил графички дизајнер, туку студент по инженерство на University of Southern California. „Кратко време ми беше потребно за дизајнот – ден или два. Дури ми е непријатно денес да го признаам тоа“, рекол Anderson. „Но, претходно работев на презентација за третман на отпадни води и имав подготвено графика за кружниот ток на водата. Така веќе ги имав како концепт сите тие стрелки и агли“, се потсетува тој.
Победил на конкурсот и добил награда од околу 2000USD. Потоа симболот станува јавно достапен. Интересно е дека авторот за прв пат во јавност го сретнал своето лого кога патувал во Амстердам неколку години подоцна. „Тој момент никогаш нема да го заборавам. Излегував од авионот и пред мене се најде моето лого. Речиси заборавив на него, а сега ме удри право в лице“. Денес, ова лого е насекаде.