Насловна / Архитектура / „Заин Парк“, станбен комплекс во Подгорица

„Заин Парк“, станбен комплекс во Подгорица

Изграден минатата година според проектот на архитектите Соња Радовиќ Јеловац и Маја Дапчевиќ од бирото Studio Synthesis, резиденцијалниот комплекс „Заин Парк“ претставува нов модел на кондоминиум.

2_resize

Се наоѓа во Подгорица, во населбата Загорич, со површина од околу 5.000 квадратни метри организирани во четири станбени блокови на парцела од 10.520 квадратни метри, поставени околу централна зелена површина со различни содржини за боравок на отворено.

12_resize

Со урбанистичкиот план дефинирани се четириблока (A, B, C и D) со катност П+1+Пк, кои се составени од комбинации на пет различни модули.

Основната идеја на внатрешната поделба на ламелите е приземјето и првиот кат да се гледаат како една целина, додека нивото на поткровјето се третира различно во зависност од положбата.

1_resize

9_resize

„Со проектната задача се бараше нивото на поткровјата да има независен пристап со помош на посебни скали“, објаснуваат од Studio Synthesis.

Со оглед на тоа што се работи за парцела со значителна површина, чие проектирање ги сублимира урбанистичките и архитектонските аспекти, при процесот на обликување посебно внимание е посветено на целокупниот изглед на комплексот и неговото влијание врз урбаниот контекст.

4_resize

„Во таа насока, завршните ламели на блоковите се третирани како аголни елементи на комплексот, и како такви имаат послободна форма за да се добие интеграна архитектонско-урбанистичка слика“, велат авторките.

Акцентирањето на аголните елементи е формално и функционално, бидејќи на тие позиции се наоѓаат аголни единици – вили, кои се протегаат низ сите три ката и имаат покомфорен приватен двор.

Како што објаснуваат архитектите од Подгорица, комплексот е комбинација на модули меѓусебно поврзани со надворешни скали.

3_resize

„Поменатите скали во блоковите се гледаат како архитектонски паузи – продори, кои визуелно го разбиваат блокот и на тој начин му даваат ритмички изглед на целиот комплекс“, наведуваат од бирото.

Додаваат дека пејзажната архитектура на комплексот е нешто на кое се обрнало особено внимание од самиот почеток на процесот на проектирање.

„Централниот двор е ‘срцето’ на проектот и е збогатен со спортско-рекреативни содржини за деца и возрасни“ – велат од Studio Synthesis.

13_resize

Разновидни активности зонирани се во форма на кругови, кои со својата материјализација и предвидената типологија на зеленило, формираат посебни атмосфери за идните станари, наведуваат понатаму авторките.

„Додека централното парковско зеленило е проектирано со растенија со зелени тонови, круговите со содржини се збогатени со садници од  модро црвени до портокалови нијанси, што ќе им овозможи на посетителите интуитивно да се ориентираат во паркот“, велат од Studio Synthesis.

16_resize

А дека се мислело за секој сегмент од животот на идните станари говори и фактот дека во средината на паркот има подземна просторија која има намена на техничка просторија и простор за складирање на кабаста спортска и рекреативна опрема што се наоѓа во паркот (детски тобогани, спортска опрема и сл.).

Според зборовите на авторките, главната цел при креирањето на концептот била да се покаже како одговорниот пристап кон урбаниот дизајн може да го подигне квалитетот на животот на овие простори, и покрај фактот што за предметната парцела планирана е голема изграденост.

18_resize

„Од тој аспект изградениот комплекс претставува пилот проект и модел за идниот развој на овој дел од градот. Со урбанистичката поставеност ненаметливо е постигнато отстапување од затечениот амбиент и воспоставена е матрица за изградба на локациите во непосредната околина“, велат тие.

Со почитување на основниот концепт, т.е. зачувување на централниот парковски дел, комплетната сообраќајна инфраструктура со паркинзи поставена е долж границите на локацијата.

10_resize

Проектантскиот процес, нагласуваат од бирото, на генерално ниво е зајакнат со синергија со зеленилото како главен креативен генератор.

Наведуваат дека еден од клучните квалитети на новоизградениот станбен комплекс е „собирањето“ на објектите околу централна парковска површина и вовлекувањето на пејзажот во микроамбиентот на поединечните објекти кои имаат свои приватни градини со директна врска со паркот.

5_resize

На сите корисници им се обезбедени приватни дворови, како и пристап до заедничките простории во рамки на комплексот, додека до централниот простор може да се пристапи од околните пешачки површини, со соодветен систем на контрола.

Исто така, додаваат авторките, клучот на архитектонскиот концепт се заснова на зајакнување на релацијата „внатре vs. надвор“ преку мултифункционални и адаптивни решенија кои интегрираат различни програми и активности во различни временски услови.

17_resize

Централниот двор е парк збогатен со спортско-рекреативни содржини за деца и возрасни. Зонирањето на активностите на отворено е претставено во форма на кругови кои формираат посебни атмосфери со своја материјализација и одреден вид зеленило. Од теретана на отворено, игралишта за деца, зен катче и слично.

Резиденцијалниот комплекс „Заин парк“ е станбен комплекс, целосно ограден, со контролиран пристап за посетителите, освен за жителите на комплексот.

12_resize

Во комплексот во центарот е предвидено парковско зеленило, додека околу периметарот се поставени станбени згради, групирани во четири блока, проектирани низ неколку основни единици – модули.

Основниот модул е ​​дуплекс стан, кој има дневна зона на приземје и ноќна зона на кат.

Внатрешната организација на станбените единици се состои од дневна соба, трпезарија, отворена кујна, тоалет и остава. На првиот кат има три спални соби од кои едната е мастер, сосвое купатило и гардеробер.

6_resize 7_resize 8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top