Во Будва, Црна Гора, од 11 – 15 мај, ќе се одржува 22. Саем на екологијата. Настанот ќе се случува во халите на Јадранскиот саем.
Целта на оваа манифестација која успешно постои повеќе од две децении, е промоција и пазарно прифаќање на производи и услуги кои придонесуваат за реализација на целите за одржување на развојот и заштитата на животната средина. Истовремено, Саемот има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата.
За да се подигне нивото на квалитетот на манифестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнис-карактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот.
Саемот за екологија е наменет пред се` за: производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина; одржливиот развој на животната средина; енергетската ефикасност; обновливи извори на енергија; рециклажа; нови технологии околу планирање и изградба на објекти; мониторинг на системи и друго.