Со одлука на Собранието на Обединетите нации од 1993 година, секој 22 март се одбележува како Светски ден на водите (World Water Day), со цел свртување на вниманието на јавноста кон важноста на слатките води и одржливото управување со овие ресурси. Тема на овогодишниот Светски ден на водите е „Вода и Енергија“ (Water& Energy).
Се предвидува дека побарувачката за вода до 2050 година ќе порасне за дури 44%. Од друга страна пак, над 80% од водата што се користи ширум светот, а во земјите во развој дури 90%, не се прочистува. Ова е поразителен факт и за здравјето на луѓето и за животната средина.
Извор: reciklirajte.me