Дизајнерката на ентериери Ени Ли ја креирала ZooZoo, колекција канцелариски мебел за брендот Narbutas, која вклучува нетипично висока масичка за кафе и соодветна табуретка.
Изработена од мазна плоча и метална основа која може да се обои во која било посакувана боја, елегантната масичка за кафе на ZooZoo е со кружна форма и е достапна во две димензии.
Ли ја дизајнирала масата да биде повисока од типична масичка за кафе, поради тоа што често се одржуваат неформални деловни состаноци во просториите за одмор, за кои често е потребна соодветна работна површина.
„Стандардните маси за кафе не се погодни кога се користат на состаноци поради нивната мала висина“, објаснуваат од Narbutas.
Колекцијата ZooZoo исто така вклучува серија шарени табуретки со перничиња за седиштата кои можат да бидат превслечени во широк избор на текстил.
Дизајнирани да се сместуваат под масичките, табуретките вклучуваат и места за складирање каде што може да се сместат книги или други предмети.
„Благодарение на својата мултифункционалност, ZooZoo заштедува простор обезбедувајќи површина, седење и преграда за складирање во една единица“, велат Narbutas.
ZooZoo масите и табуретките доаѓаат во еднобојна или верзија во две бои, замислени да одговараат на широк спектар на стилови на ентериери.