Насловна / Архитектура / Победничкото решение и пет финалисти на конкурсот за Белградската филхармонија

Победничкото решение и пет финалисти на конкурсот за Белградската филхармонија

Светски познати бироа како MVRDV и Snøhetta учествуваа на конкурсот за изработка на идејно архитектонско решение за новата зграда на Белградската филхармонија.

UNDP, во соработка со претставници на бројни институции од Србија, организираше меѓународен конкурс за идејно решение на новата Концертна сала на Белградската филхармонија.

Како што објави порталот Gradnja.rs, првата награда ја освои панорамски објект, а проектот го потпишува бирото Amanda Levit Architects (AL_A) од Лондон. Во изработката на ова решение учествувало и белградското студио „Забриские“.

03_resize

Подготовката на техничка документација на проектот пред почетокот на изградбата е почната, а договорот кој го потпишале UNDP и AL_A се проценува на 10.229.850 американски долари, според веб-страницата на UNDP Србија.

Во првиот круг пристигнале 37 труда од 15 земји, а во финалето на конкурсот, покрај AL_A, влегоа уште пет светски познати бироа:

Бевк Перовиќ Архитекти

Diller Scofidio

Estudio Lamela

MVRDV

Snøhetta

Планираната локација на зградата е на нов Белград, покрај Палатата Србија во Блок 13. Во прилог ги претставуваме победничкиот проект и  финалистите на конкурсот. Придружните илустрации на текстот се преземени од веб-страницата на UNDP Србија, каде што се јавно достапни и може да се најдат во целосна резолуција.

1. Amanda Levit Architects (Британија) – победничко решение

1_resize

AL_A ​​е наградувано архитектонско студио основано од архитектката Аманда Левит, добитничка на британската награда РИБА Стерлинг. Нејзините завршени проекти вклучуваат нов влез, двор и галерија на музејот Викторија и Алберт во Лондон и Музејот на уметност, архитектура и технологија во Лисабон.

06_resize

Ова студио е предводено од меѓународен тим кој вклучува пејзажни проектанти VDLA (Van Dyke Landscape Architects, Inc.), инженери од португалската компанија AFA Consult и локални архитекти од белградското биро „Забриские“, додека Аrup ја продолжува својата улога во областа на акустичниот дизајн.

04_resize

Со повеќе простории за изведба, одржување проби и креативна работа, вклучително и симфониска концертна сала со 1.600 места, салата ќе биде прва од ваков вид на Балканот, меѓународно призната платформа за музички перформанси од светска класа, која ќе придонесе за социјалниот, економскиот и еколошкиот развој.

05_resize

Концертната сала се состои од четири главни просторни целини: голема сала за концерти, сала за рецитали, креативен центар и подиум – секоја со различен карактер, славејќи различни музички жанрови, привлекувајќи различна публика и поттикнувајќи различни активности.

Овие четири просторни целини го опкружуваат социјалниот простор кој го формира срцето на Концертната сала на Белградската филхармонија, со заеднички помошни простории сместени под новосоздадениот градски плоштад.

09_resize

Низ вака уредениот простор создадена е зграда без предна и задна страна, што резултира со една архитектонска панорама.

Објектот и новиот внатрешен заеднички јавен простор се собираат под една единствена настрешница која се протега во континуитет.

08_resize

„Преку оваа експресивна форма, зградата зборува за движењето на музиката. Материјалноста на оваа покривка ќе создаде ефект на бранување кој ги отсликува шарените води на Дунав, отсликувајќи го пејзажот што се менува со промената на годишните времиња и навестувајќи нов споменик на културата“, вели Аманда Левит за нејзиниот концепт.

07_resize

Таа истакна дека опкружувањето на паркот Ушќе, бреговите на Дунав, испраќаат моќна порака за трансформацијата и враќањето кон природата на нашите градови за да ги направиме позелени и поубави простори, оценувајќи дека ова е одлично место да се испрати порака за визијата за иднината. Исто така наведе дека „салата ќе биде израз на хармонија меѓу природата, архитектурата и музиката, во централна точка во Европа каде се среќаваат Истокот и Западот, истакнувајќи дека ќе биде место каде што луѓето од сите региони и култури, од сите возрасти и вештини, ќе се собираат како би уживале во музика од сите жанрови“.

2. Бевк Перовиќ Архитекти (Словенија)

сл_resize

Познатото словенечко биро, кое стои и зад проектот Ателје на соништата на Ѓорѓе Балашевиќ во Нови Сад, предлага разиграно решение кое се состои од повеќе концентрични цилиндри кои наликуваат на логото на Олимписките игри. Мотив на кругот, заснован на принципот на тотал дизајн, користен е за објектот на филхармонијата, концертната сала и организацијата на партерот.

сл1_resize

сл2_resize

Иако на прв поглед атрактивен, овој проект не препознава јасна врска помеѓу предложеното решение и локалниот контекст, што не значи дека таа не постои. Цилиндричните волумени повеќе личат на силоси и индустриски згради отколку на истакната зграда од културата.

сл3_resize

3. Diller Scofidio (САД)

сц_resize

Познатото американско биро кое стои позади многу иконични објекти, предлага објект со сложена геометрија за концертната сала на Белградската филхармонија. Во основа, објектот се состои од повеќе целини околу кои се обвиткува непречена лента на движење, што прави континуирана врска помеѓу теренот и објектот, внатрешниот и надворешниот простор.

сц1_resize

сц2_resize

Во материјализацијата на објектот доминираат дрвото, бетонот и стаклото, а може да се препознае и одредена нота на параметарско моделирање, која ги следи мотивите на архитектурата на готските катедрали. Иако спектакуларно, може да се каже дека предложеното решение за предметната локација и зададената намена е несоодветно.

сц4_resize

сц5_resize

4. Estudio Lamela (Шпанија)

шп_resize

Познатото шпанско биро предложило концертна сала во форма на издолжена ламела, со што Филхармонијата барем делумно се вклопува во контекстот на урбаната матрица на централната зона на Нов Белград и соседниот Блок 23. Објектот следи правоаголен растер на улична мрежа и е целосно ненаметлив во својата појавност.

шп3_resize

шп5_resize

Покрај самиот објект, се предлага и пратечко парковско уредување, но и систем на платформи и пристапни патеки преку кои се влегува во објектот. Меѓутоа, се поставува прашање дали подигнувањето на влезот и пешачката комуникација на ниво неколку ката над земја е оправдано решение.

шп4_resize

шп1_resize

шп2_resize

5. MVRDV (Холандија)

мвр_resize

Холандското биро MVRDV предлага идејно решение на Концертната сала во форма на јасен кубичен волумен со модуларен растер. За разлика од монотониот екстериер, архитектите во ентериерот предлагаат богато украсување и текстури, додека декорацијата е на граница на кичот.

мвр2_resize

мвр3_resize

Покрај партерот, се предлага да се активира и кровот кој е замислен како отворен градски плоштад, а кој секако му недостига на Нов Белград. Како и во сите нивни проекти, архитектите од MVRDV балансираат на тенка граница помеѓу баналноста и атрактивноста.

мвр1_resize

мвр4_resize

мвр5_resize

6. Snøhetta (Норвешка)

со_resize

Бирото, кое стекна светска слава со проектот Опера во Осло, Концертната сала на Белградската филхармонија ја конципира како подвижна топографија на теренот. Кровот е замислен како богат зелен парк, од чиј врв се пружа поглед на Калемегдан и устието на Сава и Дунав.

со2_resize

со3_resize

Се предлага и можност за организирање концерти на отворено, додека централно место во организацијата на објектот заземаат два атриуми. Подигнувањето на партерот во форма на вештачки терен секако би било атракција во новобелградските блокови.

со1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top